Категорија:Молскавици мини|258x258пкс|Слика од песната Причинуење во нејзиниот оригинален македонски правопис „Причинуење“ (во постар правопис ) — втората песна во македонската стихозбирка „Молскавици“ објавена во 1940 година од истакниот македонски поет и автор Коле Неделковски. Во самата песна се изразува повеќе трагична и тажна содржина, слично како други песни од истата збирка.

Содржина Песната е составена од 20 стихови со 4 строфи, 4 стиха за секоја строфа. Песната претставува еден од пократките песни присутни во стихозбирката. песната Причинуење низ еден метафизички немир, полн со насетување и искричави проблеснувања на неспокојот и надежта, се разврзува еден лирски говор на овој „последен народен певец“ без нагласено чувство на заемна обусловеност со мелодискиот спецификум на народинот стих и некои други негови атрибути.

Песната е прикажана како лирска песна, но песната делумно ја спомнува неговата мајка, којшто е редовно спомната низ стихозбирката, во оригиналното издание после корицата имало краток текст каде што пишува „На мајка ми“. Според некој наводи, делото има делумно љубовен мотив.

Надворешни врски

Песната Причинуење во Викиизвор во современ македонски јазик

Наводи