Хан Дере или Хандере (, Ξενόρευμα, Ксеноревма или Ξενόρεμα, Ксенорема; до 1940 г. Χάν Ντερέ или Χαν Δερέ, Хан Дере) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот Округ, Грција. Било населено со Јуруци.

Географија Селото се наоѓало на почетокот на Рупелската Клисура, на десниот брег на Струма.

Историја На крајот од XIX век Хан Дере било село во Демирхисарската Каза на Серскиот Санџак населено со Турци Јуруци.

За време на Втората балканска војна во 1913 г. селото е растурено. Истото отсуствува од пописот од 1920 г. Обновено е во 1924 г. кога во него се доведени грчки колонисти. Во 1928 г. во него се попишани 50 лица.

Во 1940 г. селото е преименувано во Ксинорема. Истата година во него се попишани 80 лица, од кои 56 мажи, што укажува на тоа дека тука била сместена воена единица. Селото настрадало во 1941 г. за време на Втората светска војна и било повторно напуштено. По војната обновата на селото не била дозволена од стратешки причини бидејќи лежи на границата. Отпишано е во 1951 г.

Во 1968 г. месноста е повторно преименувана, овојпат во Анапавтирон (Άναπαυτήριον).

Наводи

Категорија:Историски села во Синтика