Морна (, Скотина; до 1926 г. Μόρνα, Морна) — село во Катеринско, Егејска Македонија, денес во општината Катерина на округот Пиерија, Грција. Населението брои 4 жители (2021).

Географија и местоположба лево|мини|Стариот камен мост на реката Кара Су Селото е сместено југоападно од градот Катерина, во долина на планината Шапка, на надморска височина од 650 м. Кај селото се наоѓа стар камен мост, сместен на реката Кара Су.

Историја Неговото население уште од порано има грчко потекло.

Селото за првпат е споменато во документ на манастирот Забрдо од средината на XIX век, во кој се наведени дарители од Морна."Μπέλλος Ζήσης, Οι Επισκοπές Πέτρας και Κίτρους κατά τον Κώδικα Ζάβορδας 1534/1962… (Πρακτικά Επιστημονικού Συνεδρίου: Η Πιερία στα Βυζαντινά και Νεότερα Χρόνια, σελίδες 257-267, 1993)

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 163 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 190 лица. Во 1926 година, името на селото било променето во Скотина (Σκοτεινά).

Во 1965 г. дел од жителите се преселени во селото Фотина, а во 1970-тите години останатото население било преселено во новосоздадената населба Долна Милја, поради што во пописот од 1971 г. Морна е заведена само со 1 жител, а во 1981 г. не е регистрарана како населба.

Стопанство Населението традиционално се занимвало со сточарство, а во поново време и со земјоделството.

Население

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Локово со седиште во селото Долна Милја, која припаѓа на поголемата општина Катерина, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Фотина, во кој влегуваат истоименото село и Локово.

Културни и природни знаменитости мини|Поглед на црквата „Св. Апостоли“ Цркви

Црква „Св. Никола“ Црква „Св. „Апостоли“

Литература

Η Μηλιά στη διαδρομή των αιώνων, πρακτικά Συνεδρίου του Μορφωτικού και Πολιτιστικού Συλλόγου Κάτω Μηλιάς "Οι Λαζαίοι", 7-8 Απριλίου 2001, εκδ. ΜΑΤΙ. Τσολάκη Λουκά, Το χωριό Σκοτεινά (Μόρνα) άρθρο Περιοδικό Παρουσία, τεύχη 2-3, έκδοση ΝΕΛΕ, Φεβρουάριος 1985.

Наводи

Категорија:Катерина (општина)