Жан Пол Шарл Белмондо (9 април 1933 година6 септември 2021) бил француски актер. Првично поврзан со Новиот бран од 1960-тите, тој бил голема француска филмска ѕвезда од 1960-тите па наваму. Неговите најпознати филмови се „Без див“ (1960), „Човекот од Рио“ (1964), Лудиот Пјеро (1965), Борсалино (1970) и Професионалецот (1981). Тој бил најпознат по портретирањето на полицајците во акционите трилер филмови а исто така станал познат по тоа што не сакал да се појавува во филмови на англиски јазик и покрај тоа што имал многу понуди од Холивуд. Неприкосновен шампион на благајните како Луј де Фунес и Ален Делон од истиот период, Белмондо привлекол речиси 160 милиони гледачи во својата 50-годишна кариера. Помеѓу 1969 и 1982 година тој играл четири пати во најпопуларните филмови во годината во Франција: Мозокот (1969), Страв над градот (1975), Животно (1977), Ас на асовите (1982)Philippe Durant, Delon, Belmondo : regards Croisés, Carnot, 2004, page 289. Популарноста на Жан Пол Белмондо како актер главно се должи на ликовите што ги толкувал во неговите филмови, сакајќи да го истакне мажествениот човек, борец, но и храбар и херојски маж, што привлекло широка публика во Франција, но и во странство.
За време на неговата кариера, го нарекувале француски пандан на актери како Џејмс Дин, Марлон Брандо и Хамфри Богарт. Опишан како икона и национално богатство на Франција, Белмондо го сметале за влијателен актер во француската кинематографија и важна фигура во обликувањето на европската кинематографија. Во 1989 година, Белмондо ја добил наградата Цезар за најдобар актер за неговата изведба во Itinéraire d'un enfant gâté . Тој бил номиниран за две награди БАФТА во текот на неговата кариера. Во 2011 година и повторно во 2017 година добил награди за животно дело: Почесната палма на Канскиот филмски фестивал и почесната Цезар награда на 42-та фестивал Цезар.
Ран живот Жан Пол Белмондо е роден во Неји на Сена, предградие на Париз, на 9 април 1933 година. Таткото на Белмондо, Пол Белмондо, бил скулптор, роден во Алжир со италијанско потекло, чии родители биле со сицилијанско и пиемонтско потекло.Bébel – Jean-Paul Belmondo Fanlisting Неговата мајка, Сара Медлин Рено-Ришард, била сликарка. Како момче, тој бил повеќе заинтересиран за спорт отколку за училиште, развивајќи посебен интерес за бокс и фудбал.
Белмондо го направил своето аматерски боксерски деби на 10 мај 1949 година во Париз кога го нокаутирал Рене Демаре во само една рунда. Боксерската кариера на Белмондо била непоразена, но кратка. Тој освоил три последователни победи со нокаут во првата рунда од 1949 до 1950 година. „Престанав кога лицето што го гледав во огледалото почна да се менува“, рекол тој подоцна.
Додека ја служел својата национална служба во Француска Северна Африка се удрил со кундакот од пушката за да ја заврши својата воена служба.
Белмондо бил заинтересиран и за глума. Неговите доцни тинејџерски години ги поминал во приватно драмско училиште и почнал да изведува комични скечеви во провинциите. Студирал под Рајмон Жиро, а потоа го посетувал Конзерваториумот за драмски уметности. Таму студирал три години. Веројатно би ја добил наградата за најдобар актер, но учествувал во скеч кој го исмејувал училиштето, што го навредило жирито. Како резултат добил само почесно признание, а според еден извештај „за малку ќе предизвикаше бунт меѓу неговите огорчени колеги студенти“ во август 1956 година. Инцидентот станал вест на насловната страница.
Кариера
1950-тите мини| Белмондо во Рим во 1962 година Актерската кариера на Белмондо започнала во 1953 година, со две изведби во театар во Париз во претставите на Жан Ануј и Жорж Нево. а потоа Белмондо одел на турнеи во провинциите заедно со пријателите, вклучувајќи ги Ани Жирардо и Гај Бедос.
Белмондо првпат се појавил во краткиот филм „Молиер“ (1956) а неговата прва филмска улога била сцената со Жан-Пјер Касел во „На нога, на коњ и на тркала“ (1957), која била исечена од филмот; сепак во продолжението Куче, глушец и Спутник (1958) имал поголем удел.
Белмондо имал мала улога во комедијата Биди убава, но замолчи (1958), заедно со Ален Делон, по што следела улогата на гангстер во Младите грешници (1958), во режија на Марсел Карне.
Белмондо играл споредна улога со Бурвил и Арлети во Неделната средба (1958). Играл и во краткиот филм на Жан-Лик Годар „Шарлот и нејзиното момче“ (1958), каде гласот на Белмондо го синхронизирале со Годар откако Белмондо бил регрутиран. Како дел од неговиот задолжителен воен рок, тој служел во Алжир шест месеци.
Првата главна улога на Белмондо била во Неделни пријатели (1958). Подоцна имал споредна улога во Ангел на тркала (1959) со Роми Шнајдер, а потоа се појави во Мрежа на страста (1959) режиран од Клод Шаброл. Во Тројцата мускетари (1959) го играл Д'Артањан.
1960-тите лево|мини| Белмондо во 1962 година Белмондо глумел главен лик во „Земете ги предвид сите ризици“ (1960), гангстерска приказна со Лино Вентура. Потоа ја играл главната улога во „Без здив“ на Жан-Лик Годар (À Bout de Souffle, 1960), што го направило глевен лик во францускиот нов бран.
Без здив имал голем успех во Франција и во странство и го лансирал Белмондо на меѓународно ниво влучително и како лице на Новиот бран - иако, како што рекол, „не знам што значи“ кога луѓето го користат тој термин. Според Њујорк Тајмс, тоа довело да има „повеќе актерски задачи отколку што може да издржи“.
Потоа следел „Заробени од стравот“ (1960), и италијанскиот филм „Писма од почетник“ (1960). Со Жана Моро и режисерот Питер Брук го направил Мдерато кантабиле (1961), а подоцна филмот го нарекол „многу досаден“.
Белмондо се појавил како жиголо во антологискиот филм Љубов и Французинката (1960). Потоа снимил два италијански филма, прво со Софија Лорен играл во Чочара (1961) како селско момче со очила („Може да ги разочара оние што ме типизираат“, рече Белмондо. „Но, дотолку подобро.“ ) а потоа спроти Клаудија Кардинале во Љубовниците (1961).
Чочара и Без здив имале голема гледаност во Соединетите Американски Држави и ОК. Во 1961 година, Њујорк Тајмс го нарекол „највпечатливиот млад француски актер од покојниот Жерар Филип “.
Повторно работел со Годар во Жената е жена (1961) и направил уште една антолошка комедија, Познати љубовни врски (1961).
Подоцна, глумел во филозофскиот филм на Жан-Пјер Мелвил, Леон Морен, свештеник (1961), глумејќи свештеник. Во „Човекот по име Рока“ (1962), бил пензиониран гангстер а потоа имал огромен хит Картуш(1962), во режија на Филип де Брока. Исто така популарна била и „Мајмун во зима“ (1962), комедија каде тој и Жан Габин глумеле алкохоличари. мини|Белмондо на снимањето на филмот Човекот од Рио во 1963 година Франсоа Труфо сакаl Белмондо да ја игра главната улога во адаптацијата на Фаренхајт 451. Ова не се случило (филмот е снимен неколку години подоцна со Оскар Вернер); наместо тоа, Белмондо снимил два филма со Жан-Пјер Мелвил: криминалистички филм ноар Ле доулос (1963) и Магнет за пропаст (1963). Тој играл заедно со Џина Лолобриџида во Лудо Море (1963) и се појавил во друга антологиска комедија, Слатко и кисело (1963). Постоеле одредени контроверзии кога бил уапсен за навреда на полицаец, а полицаецот бил обвинет за напад на Белмондо.
Кора од банана (1963), со Жана Моро, била популарна комедија. Уште поуспешна била акциона-авантуристичката приказна „Човекот од Рио“ (1964), во режија на Филип де Брока - голем хит во Франција, но популарен и во странство. Профил во списание од 1965 година го споредил со Хамфри Богарт и Џејмс Дин. Белмондо го направил Алчноста на сонцето (1964) со Лино Вентура за режисерот Анри Вернеј, кој рече дека Белмондо е „еден од ретките млади актери во Франција кој е млад и мажествен“. На Повратен оган (1964) повторно работел со Џин Сиберг, неговата колешка од Без здив . По улогата во Машки лов (1964) тој ја одиграл главната улога во Викенд во Данкерк (1965), уште еден голем хит во Франција.
Белмондо доминирал на францускиот бокс-офис за 1964 година - „Човекот од Рио“ бил четвртиот по популарност филм во земјата, „Алчноста на сонцето“ бил седми, „Викенд во Данкерк“ деветти а „Повратен оган“ на 19-то место.
Злосторство на едно летно утро (1965) бил помалку успешен а До неговите уши (1965) бил обид да се повтори популарноста на „Човекот од Рио“, од истиот режисер, безуспешно.
Белмондо бил повторно обединет со Годар за Лудиот Пјеро (1965), а потоа направил комедија „ Нежен подлец“ (1966). Имал мали улоги во два филма кои биле претежно на англиски јазик, Дали Париз гори? (1966) и Казино Ројал (1967).
По снимањето на „Крадецот од Париз “ (1967) за Луј Мал, Белмондо паузирал повеќе од една година. „Еден ден се чинеше дека животот поминува покрај мене“, тој рекол. „Не сакав да работам. Затоа престанав. Потоа еден ден ми се посакав да почнам повторно. Па почнав“.
Белмондо поминал три месеци од тоа време во Холивуд, но не прифатил ниту една понуда. Тој не сакал да учи англиски и да се појавува во филмови на англиски јазик.
Белмондо се вратил на снимањетокриминални филмови во, Хo! (1968), а потоа имал огромен хит со комедијата во која глуми со Дејвид Нивен, Мозокот (1969). Подоцна се појави во Сирена од Мисисиспи (1969) под режија на Франсоа Труфо со Катрин Денев и романтичната драма Љубовта е смешна работа (1969).
1970-тите мини|Белмондо во 1971 година Повторен брак (1971) исто така бил популарен;а уште повеќе се прославил Провалниците (1971).
Инспириран од успехот на Ален Делон кој ги продуцирал свои филмови, Белмондо формирал своја продукциска компанија, Черито Филмови (именувана по неговата баба, Росина Черито). Првиот филм од Черито Филмови бил црната комедија Д-р Попол (1972), со Миа Фароу, најголемиот хит досега на режисерот Клод Шаброл.
Несреќа (1972) бил нова верзија на Човек по име Рока (1961). Наследникот (1973) бил акционен филм; додека Величенствениот (1974), сатирична акциона романса повторно го споил со Филип де Брока.
Белмондо го продуцирал и глумел во Стависки (1974). Потоа снимил серија комерцијални филмови: Непоправливи (1974), Страв над градот (1975; еден од најголемите хитови на Белмондо во деценијата и прв пат кога играл полицаец на екранот), Хантер ќе те фати (1976), и Телото на мојот непријател (1977). Во Животно (1977) игра како каскадер наспроти Ракел Велч а во Полицаец или гангстер глуми како полицаец (1979).
1980-тите лево|мини| Белмондо на Канскиот филмски фестивал во 2011 година Во 1980 година, Белмондо глумел во уште една комедија, Ле Гињоло. А потоа бил агент на тајната служба во Професионалецот (1981) и пилот во Ace of Aces (1982).
“Она што не им се допаѓа на интелектуалците е успехот“, рече Белмондо. „На успехот во Франција секогаш се гледа со презир, не од јавноста, туку од интелектуалците. Ако сум гол во филм, за интелектуалците тоа е во ред, но ако скокнам од хеликоптер, мислат дека тоа е ужасно.
Белмондо продолжил да снима комерцијални филмови: Маргиналец (1983), Les Morfalous (1984), Грабеж (1985), и Пасијанс (1987) од кои вториот бил големо разочарување на благајните и Белмондо се вратил во театарот набргу потоа.
Во режија на Клод Лелуш, Белмондо глумел и бил копродуцент во „Патот на разгалено дете“ (1988). За неговата изведба во филмот, тој добил награда Цезар.
Белмондо тврдел дека имало „неколку причини“ зошто снимал помалку филмови во 1980-тите. „Сега сум продуцент, така што е потребно време да се организираат работите“, изјавил. „Но, исто така е тешко да се најдат добри сценарија во Франција. Имаме сериозни проблеми со пишувањето овде. И повеќе би сакал да се занимавам со театар долго време отколку да се занимавам со просечен филм“.
1990-тите и подоцна кариера Во 1990 година, ја одигра главната улога во Сирано де Бержерак на сцената во Париз, уште една многу успешна продукција. Исто така имал и мала улога во Сто и една ноќ (1995), а потоа ја играл главната улога во верзијата на Лелуш на Клетници (1995). Белмондо се појавил и во комедијата Дезире (1996), Една шанса на двајца (1998), и во научнофанатастичната комедија Можеби (1999).