„Samo se ljubit' isplati“ () е песна на хрватската поп пејачка Јелена Розга . Песната е напишана од поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ, а продуцирана од Тончи Хуљиќ . Розга ја претставува песната на хрватскиот радио канал Радио Далмација на 3 ноември 2022 година. „Samo se ljubit'' isplati“ е издадена како сингл на 11 ноември 2022 година. „Samo se ljubit'' isplati“ е топла брза песна која потсетува на звукот на пејачката во годините со групата Магазин . По објавувањето добива позитивни коментари од фан-базата на пејачката. Синглот е комерцијално успешен, достигнувајќи го четвртото место на хрватската топ 40 листа на ХР за неделата што завршува на 14 ноември 2022 година.
Придружното музичко видео продуцирано од продуцентската куќа Sestrice („Сестрички“) и во режија на Лука Сепчиќ е објавено заедно со песната на 11 ноември 2022 година. Видеото ја прикажува Розга во три различни фази од нејзиниот живот, како дете, млада девојка и зрела жена. Таа е прикажана со партнер во последните две етапи и двајцата на крајот се среќаваат пред нејзината куќа. Видеото е одлично прифатено од обожавателите на пејачката и добива повеќе од 80.000 прегледи на YouTube во првиот ден по премиерата. Пејачката ја изведува песната во живо на шоуто за таленти Zvijezde pjevaju на 20 ноември 2022 година.
Заднина На 19 мај 2022 година, Розга се појавува во шоуто „Living Room Acoustic“ („акустично во дневната соба“) на Народни каде ги објавува своите планови да објави нова песна пред нејзиниот настап на фестивалот за музика „Fusion World“ на 19 јули 2022 година. Песната сепак не е објавена пред настапот и Розга продолжува да го промовира нејзиниот претстоен акустичен студиски албум Minut Srca Mog (2022). На 3 ноември 2022 година, за време на нејзиното гостување во емисијата („Dobar dan Dalmacijo“) „Добар ден Далмација“ на Радио Далмација, Розга ја претставува песната со наслов „Samo se ljubit'' isplati“ и најавува спот. Песната има за цел да ги потсети слушателите на нејзиниот музички стил додека служи како водечка пејачка на Магазин. Песната е напишана од Вјекослава Хуљиќ, а продуцирана од Тончи Хуљиќ . На 9 ноември 2022 година, преку објава на нејзиниот профил на Инстаграм, Розга го објаснува концептот зад песната: „Низ годините што ги оставив зад себе научив многу. Научив дека наградата за трудот доаѓа порано или подоцна, научив дека не треба да се грижиш за непотребни работи, но научив и дека љубовта е единственото нешто за кое вреди да се бориш. Љубовта е единственото нешто што вреди не е само името на новата песна, туку и мотото со кое живеам и принцип од кој не се откажувам“.
„Samo se ljubit'' isplati“ е песна со брзо темпо која „зрачи со позитивна енергија“. Песната по објавувањето добива главно позитивни коментари од слушателите. Во декември 2022 година, песната ја освојува наградата Цесарица во категоријата Хит на декември.
Музичко видео На 9 ноември, пејачката преку објава на својот официјален Инстаграм канал најавува дека спотот за „Samo se ljubit'' isplati“ ќе биде објавен на 11 ноември. На 11 ноември, придружното видео за песната е премиерно прикажано на официјалниот канал на пејачката на Јутјуб . Музичкото видео е во режија на Лука Сепчиќ од продуцентската куќа „SESTRICE“ („Сестрички“). Ана Бадурина служи како продуцент на видеото. Дечкото на Розга во спотот го толкува хрватскиот актер Матко Кнешаурек.
Клипот за песната ги прикажува најважните моменти од животот на пејачката додека е претставена како дете, млада девојка и зрела жена. Видеото започнува со младо девојче кое стои на кревет и пее на чешел за коса. Следни се прикажани сцени на кои млад пар родители готват и танцуваат заедно во кујната додека нивната мала ќерка ги набљудува. Девојчето расте и станува млада девојка на која брзо ѝ се придружува црвенокосиот дечко; заедно се гледаат како танцуваат пред куќи во населбата. Во видеото се прикажани сцени од моемнталната Розга, како е на местата на младите ликови, потсетувајќи се на детството и адолесценцијата. Таа е облечена во светло-кафеав капут како ги синхронизира стиховите на песната. Помеѓу сцените, на видеото се гледа како човек се појавува во соседството, ги прашува луѓето наоколу и ја бара Розга. Клипот завршува со Розга и мажот како се среќаваат пред нејзината куќа; тој ѝ приоѓа и почнува да ја гали по косата.
Музичкото видео беше пофалено од новинар од КроМода кој почувствувал дека тоа „зрачи топлина“. Дополнително, првичната реакција од публиката на пејачката била доминантно позитивна.
Настапи во живо На 20 ноември 2022 година, Јелена Розга се појави на последната вечер на хрватското талент шоу Zvijezde Pjevaju („Ѕвездите пејат“) каде за прв пат во живо ја изведе „Samo se ljubit’ isplati“. Песната беше вклучена на сет-листата на регионалната турнеја на пејачката Minut Srca Mog (2022–23), каде што беше изведена на крајот од концертот заедно со „Minut' srca tvog“. Во јануари 2023 година, Розга се појавува на доделувањето на наградите Цесарица каде во живо ја изведува „Samo se ljubit' isplati“.
Кредити и персонал Кредитите за песната се преземени од описот на музичкото видео на Јутјуб.
Музика: Тончи Хуљиќ Текст: Вјекослава Хуљиќ Аранжман: Тончи Хуљиќ, Лео Шкаро Мешање и мастеринг: Томислав Мрдуљаш
Табели За неделата што завршува на 14 ноември 2022 година, „Samo se ljubit' isplati“ дебитира на четвртото место на хрватската HR Top 40 табела, што го означува највисокиот нов влез на табелата. Следната недела синглот останува на истата позиција. Во својата трета недела на табелата, синглот се поместува на својата нова највисока позиција од место број 3 за неделата што завршува на 28 ноември 2022 година. +Изведба на топ листи за „Samo se ljubit'' isplati“ Табела (2022) Највисока позиција Хрватска ( HR Топ 40 ) 3
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Хрватски песни