Valorant (се чита: Валорант) — повеќеиграчка компјутерска игра развиена и објавена од Riot Games. Valorant е првата пукачка игра од прво лице на Riot Games. Играта првично била објавена под името Project A во октомври 2019 г., објавена под нејзиниот сегашен наслов на 1 март 2020 г. и светски објавена на 2 јуни 2020 г.
Играчки процес Како што е замислено од развивачите, играта е судир помеѓу две екипи од по пет играчи, секој од нив игра улога на агент со посебни способности, кои се или купени пред почетокот на рундата или заработени за време на натпреварот. На пример, секој јунак има врвна способност што може да се искористи само откако ќе ја наполни. Полнењето може да се направи на неколку начини: кога убивате друг играч, кога умирате, поставувате/оневозможувате спајкови или кога фаќате посебна сфера што се појавува на одредени места на картата на почетокот на секоја рунда. Опсегот на оружје во играта вклучува нож, пиштоли, сачмарки, лесни митралези, митралези, автомати, снајперски пушки, а некои агенти имаат и ракетни фрлачи и лакови.
Играта има опслужувачи со 128 тикрејти, што обезбедува помазен играчки процес.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Пукачки игри од прво лице