Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Собри; скратено: ПООУ „Гоце Делчев“) — поранешно подрачно основно училиште во селото Собри, кое претставувало единка на училиштето „Јосип Броз Тито“ од градот Валандово.

Училиштето било именувано по македонскиот револуционер Гоце Делчев и работело како училиште најмалку до 2015 година. Денес, се користи како избирачко место.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Собри, на сретсело.

Настава

Во училиштето се изведувала настава од прво до петто одделение и наставата се изведувала единствено на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Категорија:Поранешни основни училишта во Општина Валандово Собри Категорија:Собри Категорија:Поранешни основни училишта во Македонија