„Илјада цветови“ — збирка со избор од поезијата за деца на македонскиот писател Видое Подгорец.

Содржина Збирката содржи избор од 7 стихозбирки за деца од дотогашната поезија на писателот, и претставува шеста книга од неговите собрани дела. Видое Подгорец, Илјада цветови. Скопје: НИК Наша книга, 1969,, книга 6

Во неа се застапени избор од дотогашните стихозбирки, и тоа според содржината ставени се: Што е тоа татковина Илјада цветови на една гранка Нови песни Горско кладенче Облак над езерото Прела баба Сказна за штурецот

Изданија Првото издание Илјада цветови било на НИК Наша книга во 1969 година. Видое Подгорец, Илјада цветови. Скопје: НИК Наша книга, 1969,, книга 6 Осврт кон делото За поезијата на Подгорец може да се каже дека е исклучително лирична или како што Миодраг Друговац има кажано за авторот, „ткае со срмен збор со лирска топлина, непосредност и впечатливост“. Во збирката пее за татковината, природата, децата, животните, растенијата...„Неговото творештво не е само обемно туку и тематски и мотивски разновидно. Тој е еден од оние автори кој на едноставен и интересен начин го приближуваат своето доживување на пример на летниот или зимскиот пејзаж, детската игра, волшепството на сонот, магијата на денот и ноќта, поврзаноста на човекот со природата, итн. “ И сончогледите спијат, Видое Подгорец, Скопје, Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга , 1987, стр.99-103 Разговор за делото од Миодраг Друговац

Наводи

Категорија:Дела на Видое Подгорец Категорија:Детска книжевност Категорија:Изданија на Наша книга Категорија:Книги од 1969 година Категорија:Книги на македонски јазик Категорија:Македонски дела од 1969 година Категорија:Појавено во 1969 година во Македонија Категорија:Појавено во 1969 година во Југославија Категорија:Македонски книги за деца