Л’џа (, Терма; до 1923 г. Λίτζα, Лиѕа) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот Округ, Грција.

Географија Селото се наоѓа во Серското Поле, јужно од Сер. Лежи во северното подножје на Богданска Планина, на околу 4 км источно од Нигрита. Крај селото има лековити минерални бањи.

Историја Во Отоманското Царство Во XIX и почетокот на XX век Л’ца било село во Серската Каза. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век Л’џа Дере имало 300 жители, сите Турци.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 215 жители, а во 1920 г. во него се попишани 196 лица. Во 1923 г. селото е преименувано во Терма. Населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а негово место се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Л’џа (Λίτζια) е претставено како наполно дојденско село со 363 жители (92 домаќинства).

Во 1950 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“.

Население

Културни и природни знаменитости Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1950 г.

Наводи

Категорија:Визалтија