Фиток (, Анти; до 1956 г. Φιτόκιον, Фитокион) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот Округ, Грција.

Географија Селото се наоѓа во Серското Поле, на околу 5 км северно од Нигрита. Лежи во северното подножје на Богданска Планина.

Историја Во Отоманското Царство Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Фитоко (Fitoko) имало 15 домаќинства на 48 жители Роми и Черкези.

Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Фиток:

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век Фиток имал 200 жители, од кои 80 Турци и 120 Роми. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Фиток-Черкез (Fitok-Tcherkez) се состоело од 120 Роми.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 243 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 205 лица. Во 1923 г. муслиманското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место власта довела грчки колонисти. Христијанското ромско население веројатно се иселило бидејќи на пописот од 1928 г. Фитоки (Φυτώκη) е претставено како наполно дојденско село со 25 лица (5 семејства). Во 1956 г. селото е преименувано во Анти.

Во 1955 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“.

Население

Културни и природни знаменитости Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1950 г.

Наводи

Категорија:Визалтија