Езеро Пластира () нареченo и акумулација Тавропос () — вештачко езеро кое се напојува од реката Тавропос (Мегдова), сместено во округот Кардица, во близина на градот Кардица, Грција. Езерото го добило името по грчкиот генерал и политичар Николаос Пластира, кој ја дал идејата за изградба на вештачко езеро во областа.

Првични планови Идејата за изградба на акумулација во областа, наводно, прв ја замислил генералот Николаос Пластира, кој во 1925 година бил во посета на својот роден град во областа. За тоа време целата област била опустошена од голема поплава на реката Тавропос. Тој вршел притисок врз Министерството за земјоделство, кое до 1929 година основало одбор за да ја истражи ситуацијата. Политичарите се спротивставиле на планот во следните години, сè до Втората светска војна.

Создавање на акумулацијата По војната, идејата била оживеана од Пластира кога станал премиер. Тогаш новооснованото Јавно претпријатие за електрична енергија на Грција го усвоила проектот како дел од нивните напори да ја електрифицираат земјата. Во 1953 година се одржала меѓународна лицитација на која победил францускиот Omniun Lyonnais. Изградбата на браната започнала на 14 декември 1955 година. На 30 октомври 1960 година, браната била официјално свечено пуштена во работа.

Езерото денес Денес езерото содржи до 400 милиони кубни метри свежа вода. Се користи за наводнување и како извор на енергија на хидроелектрана, но и како главен извор на вода за градот Кардица. Поради својата надморска височина (едно од највисоките во Европа) и единствениот крајолик, акумулацијата Тавропос е популарно туристичко одморалиште во Грција.

Галерија

Поврзано Брана Пластира

Наводи

Библиографија Paul Hellander, Greece. Lonely Planet 2008

Надворешни врски Езерото Пластирас

Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Вештачки езера во Грција Категорија:Тесалија