Спартаково востание, Гладијаторското востание или Трето робовско востание — востание на група робови кое се одвивало помеѓу 73 п.н.е. и 71 п.н.е., а воедно и последно во низата од три, меѓусебно неповрзани, неуспешни востанија кои биле започнувани од робовите кои се бореле против Римската Република. Трите востанија се познати под едно име: робовски востанија. Спартаковото востание било единственото кое директно ѝ се заканувало на републиката, бидејќи на почетокот востаниците победиле во голем број битки против римската армија. На крајот, востанието било згаснатато, што се должи на големите напори вложени од Марк Лициниј Крас, но последиците од истото уште долго време ја засенувале римската политика.

Помеѓу 73 и 71 година п.н.е., група на побегнати робови (првобитно од околу 70 гладијатори, за подоцна да брои повеќе од 120.000 мажи, жени и деца) се движела на римската територија ограбувајќи и пустошејќи ги римските домови. Групата имала неколку водачи, меѓу кои бил и легендарниот гладијатор Спартак. Борбената способност на мажите во оваа група била на многу високо ниво. Тие ределе успеси во низа почнувајќи со локалните извидници, па римската полиција и сѐ до професионално обучуваните римски легионери под команда на конзули. Нивното дејствување, Плутарх го опишал како обид на римските робови да побегнат од своите робовладетели низ Кисалпска Галија, додека, пак, Апијан и ФлоријЛуциј Анеј Флориј, историчар кој пишувал за востанието на Спартак во своето дело - „Историја на Рим“; често се меша со Публиј Анеј Флориј - поет и говорник. Како што може да се види на од долунаведеното мрежно место, „Историја на Рим“ му се припишува на Публиј Флориј . Ова го потврдува и The Oxford Classical Dictionary, Third Edition, Eds. Simon Hornblower, Anthony Spawforth, Oxford 1996, стр. 602. го окарактеризирале нивното дејствување како граѓанска војна во која робовите имале за цел да го освојат и Рим.

Вознемирен од вестите за постојаните напади над римските села и градови и за успесите на робовите, римскиот сенат одлучил да испрати осум легии под строга команда на војсководецот Марк Лициниј Крас. По големиот број на битки, војната конечно завршила во 71 п.н.е кога робовите, соочени со Крас, дознале дека легиите на Помпеј и Марк Терентиј Варо им се доближуваат од зад грб за да им постават стапица, поради што тие одлучиле да го нападнат Крас по што биле потполно поразени.

Спартаковото востание имало големо значење во развојот на римската историја, особено поради ефектот од победите на двајцата војсководци, Помпеј и Крас. Тие го искористиле успехот од ова востание за да ги зацврснат своите политички кариери. Заканувајќи се со своите легии тие го добиле сенатот на нивна страна на изборите за конзули во 70 п.н.е. Нивната работа како конзули довела до радикални промени во римските политички институции што подоцна довело до преминот на Римската Република во Римско Царство.

Ропство во Римската Република Еден од важните фактори за развојот на економијата на Стариот Рим било постоењето на евтина работна сила, односно робови. Робовите се набавувале на различен начин, со купување од странски трговци, поробување на жителите од освоените територии итн.„Smith, A Dictionary of Greek and Roman Antiquities“, „Сервиј“, стр. 1038; детален опис на правните и воените средства со кои луѓето биле претворани во робови. Со оглед на големите походи на Рим во текот на првиот и вториот век п.н.е., стотици робови биле донесени од разни европски и средоземни земји.Smith, Greek and Roman Antiquities“- „Севиј“, стр. 1040 Смит овде говори за купувањето на 10.000 робови од киликијските пиратиЦезар, „Commentarii de Bello Gallico“, 2:33. - Цезар говори за тоа како римската војска фатила 53.000 Адуатуци и ги одвела да робуваат. Многу мал број од тие работеле како слуги на нивните сопственици, а најголемиот дел биле испраќани да работат во рудници и на полиња во Сицилија и Јужна Италија.Smith, Greek and Roman Antiquities“, „Севиј“, стр. 1039 Livy, The History of Rome, 6:12

Робовите во Римската Република биле третирани многу грубо и многу сурово. Робовладетелите можеле да ги злоставуваат, повредуваат, па дури и да ги убиваат своите робови без тој чин да има какви било правни последици. Иако сите робови биле измачувани, тие биле поделени во неколку класи меѓу кои работниците на полињата и во рудниците биле најниската, класа која била приморана на физичка работа низ целиот свој живот.Smith, Greek and Roman Antiquities“ „Сервиј“, стр. 1022–39 Резиме на комплицираното римско право во однос на робовите.

Преголемата суровост и угнетувањето на робовите довело до неколку побуни и востанија. Во 135 п.н.е. започнало првото робовско востание, а во 104 п.н.е. второто. И двете востанија започнале во Сицилија каде што мали групи на востаници успеале да соберат неколку десетици илјади робови кои сакале да се спасат од репресивниот живот. Иако двете востанија добиле прилично голем воен размер кој го натерал сенатот директно да интервенира, тие никогаш не биле сфатени како сериозна закана за Републиката. Сево ова се променило по избувнувањето на Третото робовско востание — Спартаковото востание.

Почеток на востанието (73 п.н.е.) Револт во Капуа мини|десно|240п|Гладијаторски мозаик на приказ во Боргејската галерија, од околу 4 век. Во првиот век пред новата ера, гладијаторските борби биле многу популарен начин на забава во Римска Република. Неколку гладијаторски школи, т.н., луди (ludi), биле основани ширум Италија за обука на робовите за гладијаторските натпревари.Smith, Greek and Roman Antiquities, „Гладијатори“, стр. 574. Во овие школи се тренирале криминалци, воени заробеници (кои се сметале за робови) и слободни луѓе кои одлучиле да заработуваат борејќи се во арените.Mommsen, The History of Rome, стр. 3233–3238 Во 73 година п.н.е., во школото на Лентул Батијатиј во Капуа, група од околу 200 гладијатори планирале бегство. Кога нивниот план бил откриен, околу 70 од нив зграбиле кујнски прибор и успеале да се ослободат и да стигнат до гладијаторските мечеви и штитови.Плутарх, Крас, 8:1–2 Плутарх тврди дека побегнале 78 робовиАпијан од Александрија, Граѓански војни, 1:116 Апијан вели дека побегнале „околу седумдесет“Livy, Periochae,95:2 Ливиј тврди дека побегнале околу 74Флориј, Epitome, 2.8. Флориј вели дека побегнале „повеќе од триест луѓе“.

Кога го убиле Батијатиј, избеганите гладијатори одбрале водачи, двајца галски робови, Криксус и Ономеј. Меѓу робовите бил и Спартак, за кој се верува дека бил Тракиец и дека најпрво бил војник во римските легии за подоцна да биде осуден на ропство. Другите извори, пак, тврдат дека Спартак бил заробеник кога римските легии го фатиле.Апијан од Александрија, Граѓански војни, 1:116 Напомена: Воениот статус на Спартак е преземен од изданието на делото на Апијан со превод на Хорас Вајт каде што се вели „... кој некогаш служеше како војник со Римјаните...“. Меѓутоа, во преводот на Џон Картер во изданието „Penguin Classic“ се вели „...кој некогаш се бореше против Римјаните и потоа беше заробен и продаден.“ Исто така, се доведува во прашање и неговото потекло. Имено, Спартак се борел како Трекс, така што неговиот прекар „Тракиец“ би можело да се однесува само на видот на гладијаторска борба која тој ја демонстрирал во арената.Smith, Greek and Roman Antiquities, „Гладијатори“, стр. 576. .

Оваа група на робови на лесен начин победила мала група на римски војници (испратени од Капуа), по што се вооружале со воени мечеви и штитови.Плутарх, Крас, 9:1. Изворите често се контрадикторни во однос на тоа што правела оваа група непосредно по бегството од лудусот, но сите се сложуваат дека одредено време тие ограбувале и пустошувале низ Капуа, регрутирајќи нови робови, за на крај да се повлечат во одбранбена позиција на планината Везув.Флориј и Апијан тврдат дека робовите се повлекле на Везув, додека, пак, Плутарх споменува само „брдо“ во приказната за глаберовата опсада на кампот на робовите..

Пораз на преторската војска мини|лево|250п|Првите подвизи на римксата војска и востаниците, од почетокот на капуанскиот револт вклучувајќи ја и зимата 73-72 п.н.е. Кога востанието пристигнало во Кампанија, регион кој служел како летувалиште за богатите и влијателните Римјани кои таму имале изградено вили на нивните големи поседи, римскиот сенат започнал да се загрижува во однос на моќта која востаниците ја поседувале. Пред тоа, тие мислеле дека е уште еден бран на неуспешно криминално востание.

Малку подоцна, истата година, сенатот испратил војска под команда на претор за да го задуши востанието.Напомена: Во изворите историчарите се сложуваат дека е пратена преторска експедиција, но не се сложуваат околу тоа кој бил командант на истата. Римскиот претор Гај Клавдиј Глабер регрутирал војска од околу 3.000 мажи, кои не биле легионери, туку локална полиција. Многу историчари ова го сметаат за уште една катастрофална грешка, односно тоа што востанието сè уште не било сериозно сфатено. Војската на Глабер ги обиколила востаниците околу Везув и го блокирале единствениот познат пат кој водел низ планината. По оваа акција, Глабер одлучил да не ги нападне востаниците, туку да ги остави да се предадат со оглед на тоа што не можеле да се снабдат со храна и вода.

Спартаковите востаници, иако без професионален воен тренинг, се покажале многу вешти во употребата на локалните материјали и неконвенционалните тактики во борба со дисциплинираната римска војска.-{Фронтиниј, Стратагемс,}- -{Книга I}-, 5:20–22-{Фронтиниј, Стратагемс,}- -{Книга VII}-:6. Како одговор на опсадата на Глабер, спартаковите луѓе направиле јажиња од винова лоза и други растенија кои ги пронашле во околината и ги употребиле за да се спуштат од спротивната страна на планината (спротивна во однос на Глабер). По спуштањето од Везув, востаниците ја заобиколиле планината и од зад грб ги нападнале војниците на Глабер и потполно ги уништиле.-{Плутарх,}- -{Крас}-, 9:1–3.-{„Broughton, Magistrates of the Roman Republic“, стр. 109.}-Напомена: Плутарх и Фронтиј пишувале за експедициите под команда на петорите Клодиј и Публиј Варо, додека, пак, Апијан пишувал за Ворениј Глабер и Публиј Варелиј

Набрзо била испратена друга експедиција против востаниците на Спартак, овој пат под водство на преторот Публиј Вариниј. Вариниј ја поделил својата војска на два дела со кои, одделно, команудвале Фуриј и Касиниј. Плутарх напишал дека Фуриј, под своја команда, имал околу 2.000 војници, меѓутоа, не се познати подетални информации за останатите единици и за тоа дали војската била сочинета од легионери или, пак, од обични полицајци. Востаниците и оваа војска на Ворениј во целост ја поразиле. Касиниј загинал во борба, а Вариниј успеал да побегне. Најголема добивка за востаниците претставувала запленетата опрема која ја носеле римските војници.-{Плутарх}-, -{Крас}-, 9:4–5 По оваа победа сè повеќе робови му се приклучувале на Спартак, како и сточари и земјоделци од околните региони. Со ова бројот на востаниците се зголемил на 70.000.-{Плутарх,}- -{Крас}-, 9:3 Зимата, 73-72 п.н.е., првобитните востаници ја поминале во снабдување на новите сили со оружје и во проширување на територијата во која тие дејствувале (Молизе, Базиликата, Апулија и др.).

Како и придобивките, така востаниците изгубиле многу луѓе меѓу кои и Ономеј за кој се претпоставува дека загинал во борба. По битка со Вариниј тој веќе не се споменува во историските записи.-{„Orosius, Histories 5.24.2“}--{Бредли, ропство и побуна}-

Мотивација и раководство на побегнатите робови мини|290п|десно|Спартак, скулптура на Денис Фоатјер од 1830 година, Лувр До крајот на 74 п.н.е., Спартак и Криксус командувале со голема група на вооружени луѓе кои се докажале способни во спротивставувањето на римската војска. Меѓутоа, денес е многу тешко да се потврди кои им биле понатамошните планови. Во поновите книги постојат конкрадикторни искази и поради причината што востанието било задушено, не постојат директни сведоштва за мотивите и целите на востаниците.