Луис Алан Рид (англ. Lewis Allan Reed; 2 март 1942 27 октомври 2013) ― американски музичар и текстописец. Тој бил гитарист, пејач и главен текстописец на рок-групата The Velvet Underground и имал петдецениска соло-кариера. Иако Velvet Underground не била успешна за време на своето постоење, групата станала една од највлијателните групи во историјата на андерграунд и алтернативната рок-музика. Неговиот карактеристичен сериозен глас, поетските и табу-стихови во песните и експерименталното свирење гитара биле негов заштитен знак во текот на неговата долга кариера.
По дипломирањето на Универзитетот во Сиракуза, тој работел како текстописец и сесиски музичар во Pickwick Records во Њујорк. Таму се запознал со Џон Кејл; тие, заедно со Стерлинг Морисон и Ангус Меклајс, во 1965 година ја основале групата Velvet Underground. Групата го привлекла вниманието на Енди Ворхол и тој станал нивен менаџер; за возврат тие станале „куќен бенд“ уметничкото студио на Ворхол, The Factory. Групата го издала првиот албум заедно со германската пејачка Нико, во 1967 година. Набргу потоа се разделиле со Ворхол. Рид ја напуштил групата во 1970 година. По напуштањето на групата, Рид имал комерцијално поуспешна соло-кариера и објавил дваесет соло студиски албуми. Рид учествувал во возобнувањето на Velvet Underground во 1990-тите и направил уште неколку албуми.
Починал во 2013 година од заболување на црниот дроб. Рид двапати бил примен во Куќата на славните на рокенролот: како член на Velvet Underground во 1996 година и како соло-пејач во 2015 година.
Животопис
1942–1957: Детство Луис Алан Рид е роден на 2 март 1942 година во Бруклин во семејство на руски Евреи кои избегале од антисемитизмот; неговиот татко го променил презимето од Рабиновиц во Рид. Детството го поминал во Фрипорт на Лонг Ајленд.
Рид учел во основното училиште Аткинсон во Фрипорт и продолжил во средното училиште Фрипорт. Неговата сестра Мерил, родена Маргарет Рид, рекла дека како млад човек имал напади на паника, станал социјално непријатен и „поседувал кревок темперамент“, но бил многу насочен на работи што му се допаѓаат, најмногу на музиката. Откако преку слушање радио научил да свири гитара, уште од најрана возраст се заинтересирал за рокенрол и ритам и блуз, а додека бил во средното училиште свирел во неколку групи.
Рид бил дислексичен.
1958–1964: Образование и почетоци на музичката кариера десно|мини| Лу Рид како матурант, 1959 година Почнал да зема дрога на 16-годишна возраст. Првите снимени песни на Рид биле како член на ду-воп-триото Jades, каде што Рид свирел на гитара и пеел придружни вокали.
Според кажувањата на неговата сестра, додека бил прва година на факултет на Њујоршкиот универзитет, тој бил донесен дома откако претходно доживеал нервен слом. Откако закрепнал, Рид своето образование го продолжил на Универзитетот во Сиракуза во 1960 година, каде што студирал новинарство, филмска режија и креативно пишување. На факултетот, Рид свирел во различни музички групи и исто така свирел во централен Њујорк. Во 1961 година бил водител на ноќна радио-емисија под наслов Excursions on a Wobbly Rail.
Додека бил на факултетот во Сиракуза, Рид почнал со интравенозна употреба на дрога и за брзо се заболел од хепатитис. Рид диломирал на Универзитетот во Сиракуза во јуни 1964 година.
1964–1970: Пиквик и the Velvet Underground лево|мини|290x290пкс| The Velvet Underground, 1968 година (од лево кон десно: Рид, Такер, Јул, Морисон) Рид се вратил во Њујорк во 1964 година, каде што работел како текстописец за издавачката куќа Pickwick Records. За Pickwick, Рид, го напишал и го снимил синглот „The Ostrich“, пародија на популарните денс-песни од тоа време. Продуцентите од издавачката куќа го воочиле музичкиот потенцијал на Рид и направиле група која требало да биде негова поддршка во промовирањето на песните. Ад-хок групата била наречена the Primitives и во неа членувале: Рид; велшкиот музичар Џон Кејл, кој неодамна се преселил во Њујорк за да студира музика и свирел виола во Театарот на вечната музика на композиторот Ла Монте Јанг, на бас; Тони Конрад, виолинист од Театарот на вечната музика, на гитара; и скулпторот Волтер Де Марија на удирачки инструменти. Кога Кејл го слушнал репертоарот со композиции на Рид - вклучувајќи ја и раната верзија на Хероин - двајцата решиле да работат заедно и да создадат проект за група."Rock and Roll Heart", documentary on the life of Lou Reed, American Masters
Рид и Кејл, на кои им се придружиле Стерлинг Морисон и Мо Такер, за прв пат настапиле под името The Velvet Underground во 1965 година. И покрај подоцнежната успешна соло-кариера на Рид, оваа група го одредила неговиот музички стил и денес е сè уште нераскинливо поврзан со неговото име. Иако групата не била комерцијално успешна за време на нејзиното постоење, The Velvet Underground се смета за еден од највлијателните андерграунд бендови на сите времиња и пионер на подоцнежната инди и панк-музика. Рид бил главен пејач и текстописец во групата.
Групата наскоро го привлекла вниманието на Енди Ворхол. Тој станал нивен менаџер во 1966 година и The Velvet Underground наредните години биле куќен состав во студиото на Ворхол, The Factory. Нивниот прв албум, The Velvet Underground & Nico, со германската пејачка и манекенка Нико, бил објавен во 1967 година. Рид напишал неколку песни кои требало да ги испее Нико, а двајцата накратко биле љубовници. Потоа издале уште три албуми, White Light/White Heat (1968), The Velvet Underground (1969) и Loaded (1970).
Рид го напуштил Velvet Underground во август 1970 година. Групата се распаднала по заминувањето на Морисон и Такер во 1971 година, а нивниот последен албум <i id="mwAT0">Squeeze</i> речиси целосно бил дело на Јул.
1970–1975: Глам-рок и пробив Откако ги напуштил Velvet Underground, Рид се преселил во домот на неговите родители на Лонг Ајленд и се вработил како дактилограф во сметководствената фирма на татко му. Тој почнал да пишува поезија, која била објавена во 2018 година од Anthology Editions. Во 1971 година потпишал договор за снимање со RCA Records и го снимил неговиот прв соло-албум. Албумот, Lou Reed, содржел верзии од необјавени песни од Velvet Underground. Албумот бил занемарен од повеќето поп-музички критичари и не се продавал добро. Од албумот биле објавени два сингла: Going Down и Wild Child.
Во ноември истата година, Рид го издаде глам-рок-албумот Transformer, со кој конечно се пробил на музичката сцена. Transformer бил копродуциран од Дејвид Боуви и Мик Ронсон, и со него Рид стекнал поширока публика, особено во Обединетото Кралство. Синглот „Walk on the Wild Side“ е познат како химна на контракултурата. Песната била често емитувана на радио и станала најголем хит и најпрепознатлива песна на Рид која задира во теми кои се сметале за табу во тоа време, како: трансродови луѓе, дрога, машка проституција и орален секс. Трансгресивниот текст на песната ја избегна радио цензурата. „Walk on the Wild Side“ била единствена песна на Рид која се пласирала на топ-листата за синглови - Billboard Hot 100, на 16-то место.
Рид се оженил со Бети Кронстад во 1973 година. Таа подоцна рекла дека тој бил насилен пијаница додека бил на турнеја. Berlin (јули 1973 година) бил концептуален албум за љубовта меѓу двајца зависници од дрога од овој град. Песните се однесуваат на семејно насилство („Caroline Says I“, „Caroline Says II“), зависност од дрога („How Do You Think It Feels“), прељуба и проституција („The Kids“) и самоубиство („The Bed“). Приемот на Berlin во времето на неговото објавување бил претежно негативен, а Ролинг Стоун го прогласил за „катастрофа“. Рид сметал дека лошите критики што ги добил биле многу обесхрабрувачки. Оттогаш, албумот бил критички преоценет, а во 2003 година Ролинг Стоун го вклучил на нивниот список од „500 најдобри албуми на сите времиња“. Албумот Berlin се искачил на 7-мо место на топ-листата за албуми во Велика Британија.
По разочарувањето од продажбата на Berlin, Рид се спријателил со Стив Кац од Blood, Sweat & Tears (кој бил брат на неговиот тогашен менаџер Денис Кац) и тој му предложил на Рид да состави „одлична група за настапи во живо“ и да издаде албум во живо со песни од Velvet Underground. Кац бил продуцент, а албумот Rock 'n' Roll Animal (февруари 1974) содржел изведби во живо на песните на Velvet Underground: „Sweet Jane“, „Heroin“, „White Light/White Heat“ и „Rock and Roll“. Албумот се искачил на 45-то место на Билборд 200 и на топ-листата се задржал цели 28 недели. Набрзо станал најпродаван албум на Рид. Во 1978 година, со 500 000 сертифицирани продажби, албумот добил златен сертификат.
Албумот Sally Can't Dance, издаден во август 1974 година, станал негов албум со највисок пласман на топ-листите во Соединетите Американски Држави; во октомври 1974 година стигнал до 10-то место за време на 14-неделниот престој на топ-листата за албуми, Билборд 200.
1975–1979: Зависност и креативни дела десно|мини| Рид во 1977 година Во текот на 1970-тите, Рид бил тежок зависник од метамфетамин и алкохол. Летото 1975 година, тој во Европа требало да настапи на рок-фестивалот Startruckin' 75. Но, поради зависноста од дрога, организаторот сметал дека настапот на Рид е несигурен и затоа го замениле со Ајк и Тина Тарнер.
Двојниот албум на Рид, Metal Machine Music (1975), бил едночасовна гитарска модулација и ефекти. Опишан од Ролинг Стоун како „брмчење на вселенски фрижидер“, многу критичари го протолкувале како гест на презир, обид да се прекине неговиот договор со RCA или да побегне од неговите помалку софистицирани обожаватели. Рид тврдел дека албумот е вистински уметнички труд инспириран од дрон-музиката на Ла Монте Јанг.Alan Licht, Common Tones: Selected Interviews with Artists and Musicians 1995-2020, Blank Forms Edition, Interview with Lou Reed, pp.155-172 Албумот, кој некои музички критичари денес го сметаат за визионерско гитарско ремек-дело, наводно бил вратен во продавница од илјадници негови купувачи и по неколку недели бил повлечен од продажба.
Албумот Coney Island Baby од 1975 година бил посветен на тогашната партнерка на Рид, Рејчел Хемфрис, трансродова жена со која Рид бил во врска и со која три години живеел заедно. Хемфрис се појавува и на фотографиите од насловната страница од албумот со најголеми хитови од Рид од 1977 година, Walk on the Wild Side: The Best of Lou Reed. Rock and Roll Heart (1976) бил негов прв албум со неговата нова издавачка куќа Arista, а Street Hassle (1978) бил првиот комерцијално објавен поп-албум кој користи технологија за бинаурално снимање.
Во 1978 година, Рид го издал неговиот трет албум во живо, Live: Take No Prisoners; некои критичари сметале дека тоа е негово „најхрабро дело досега“, а други го сметале за негово „најглупаво“ дело. Ролинг Стоун го опишал како „еден од најсмешните албуми во живо кои воопшто биле снимени“, а монолозите на Рид ги споредил со оние на Лени Брус. Рид сметал дека тоа е негов најдобар албум дотогаш. The Bells (1979) бил снимен со џез-трубачот Дон Чери. Во текот на 1979 година, Рид имал интензивна турнеја низ Европа и низ Соединетите Американски Држави. Во тоа време Рид бил и продуцент на музиката за филмот со Пол Сајмон, One-Trick Pony. Од 1979 година Рид почнал да се одвикнува од дрога.
1980–1989: Брак и преоден период лево|мини| Рид настапува во живо за време на хуманитарен концерт во Источен Радерфорд, Њу Џерси, 1986 година Рид се оженил со британската дизајнерка Силвија Моралес во 1980 година. Моралес го инспирирала на Рид да напише неколку песни, особено: „Think It Over“ од албумот Growing Up in Public (1980) и „Heavenly Arms“ од албумот The Blue Mask (1982). По Legendary Hearts (1983) и New Sensations (1984), Рид повторно се истакнал како јавна личност и станал портпарол за скутерите одХонда.