1899 () — германска драмска телевизиска серија со елементи на мистерија и ужас, создадена од Јантје Фризе и Баран бо Одар. Телевизиската серија од осум епизоди имала премиера на Netflix на 17 ноември 2022 г. На почетокот на јануари 2023 г., Netflix ја откажал серијата по првата сезона, иако авторите рекле дека требало да има уште 2 сезони.

Содржина Годината е 1899. Патници од различни националности и општествена положба патуваат на „Кербер“ од Европа до Њујорк за да започнат нов живот. При преминувањето на Атлантикот добиваат сигнал за помош од бродот „Прометеј“, кој исчезнал пред четири месеци.

Воспримање На агрегаторната веб-страница Rotten Tomatoes, телевизиската серија има оценка од 79 % врз основа на 29 критики од критичарите, со просечна оценка 6,8 од 10. На агрегаторната веб-страница Metacritic, телевизиската серија има оценка 69 од 100 врз основа на 11 критики од критичарите, што значи „во целост поволни критики“.

Наводи

Надворешни врски

1899 на Netflix

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Серии Категорија:Оригинални програми на Netflix