Вили Хју Нелсон (; роден во Абот, Тексас, на 29 април 1933 година) ― американски кантри-пејач и гитарист. Бил еден од најистакнатите претставници на поджанрот „кантри-одметници“ кој се развил кон крајот на 1960-тите како реакција на конзервативните ограничувања на нешвилската кантри-музика. Со неговите албуми: Shotgun Willie (1973), Red Headed Stranger (1975) и Stardust (1978) се вброил меѓу најпознатите кантри-музичари. Добил 12 Греми награди, вклучително и награди за Музичка легенда (1990) и за Животно дело (2000). Примен е во Куќата на славните на кантри музиката (1993).
Покрај музичката кариера, глумел во многу филмови и серии, а најпознат е по филмот Барбароса (1982) и филмот Крадец (1981). Нелсон се појавил во филмовите Остин Пауерс: Шпионот (1999), Војна против вистината (1997), Војводите од Хазард (2005) и многу други.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Добитници на Греми Категорија:Американски текстописци Категорија:Американски гитаристи Категорија:Американски музичари Категорија:Родени во 1933 година Категорија:Добитници на Греми за животно дело Категорија:Американски природозаштитници Категорија:Либерализам во САД Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски кантри гитаристи Категорија:Пејачи од Тексас Категорија:Американски реге-музичари