мини|250x250пкс| Краток филм Џем сесија од 1942 година, снимка на изведба на Дјук Елингтон и неговиот оркестар Дјук Елингтон, роден како Едвард Кенеди Елингтон (анг Edward Kennedy Ellington; Вашингтон, 29 април 1899 година - Њујорк, 24 мај 1974 година), е американски џез-музичар, пијанист и композитор. Тој бил водечка фигура во историјата на џез музиката. Неговата музичка кариера траела повеќе од половина век, за кое време компонирал илјадници популарни песни, како и музика за театар и филм. Тој создал еден од најкарактеристичните звуци на ансамблот во западната музика и продолжил да го свири она што тој го нарекувал „американска музика“ речиси до крајот на својот живот.

Биографија

Детство и младост Дјук Елингтон е роден во Вашингтон, како Едвард Кенеди Елингтон, 29. април 1899 година. Неговите родители исто така биле талентирани музичари, поточно пијанисти. Едвард уште од мали нозе обрнувал внимание на манирите и бил многу достоинствен, поради што неговиот најдобар пријател Едгар Мекентри го нарекувал „Војвода“ (анг= Дјук). На седумгодишна возраст почнал да учи да свири пијано. Својата прва композиција „Soda Fountain Rag“ ја напишал на 15-годишна возраст, инспириран од продавач на газирани сокови. Елингтон студирал сликарство, но и покрај тоа што добил стипендија на Институтот Прат во Бруклин (Њујорк), тој се свртел кон музиката и почнал да свири во клубови на 17-годишна возраст.

Семеен живот Дјук Елингтон се оженил на 19 години со Една Томпсон, која му била девојка уште од средно училиште. Набргу по венчавката тие го добиле единственото дете Мерсер Кенеди Елингтон.

Смрт Дјук Елингтон починал на 24-ти мај 1974 година, на 75 годишна возраст, поради пневмонија. Тој боледувал од рак на белите дробови. Неговите последни зборови биле: „Музиката е начинот на кој живеам, зошто живеам и по што ќе бидам запаметен“. Бил погребан на гробиштата Вудлоун во Бронкс (Њујорк). На неговиот погреб присуствувале повеќе од 12.000 луѓе.

Музичка кариера лево|мини|200x200пкс| Насловна на една од плочите на Дјук Елингтон Елингтон се одлучил за професионална музичка кариера на 19 години. Четири години подоцна се прославил со својата група „Вашингтон денс“ и оттогаш неговата слава не престанува. Од 1926 г со својот оркестар настапувал во Америка и Европа, а по Втората светска војна и низ целиот свет.

Во педесет години музичко творештво, Едвард Кенеди „Дјук“ Елингтон го доближил џезот до традиционалната класична музика, благодарение на иновациите во компонирање. Напишал повеќе од 1500 композиции кои се одликуваат со богата иновација, неисцрпна имагинација и чувство за специфичен стил, а настапувал и како пијанист со симфониски оркестри. За разлика од другиот великан на џезот, Луис Армстронг, Елингтон посветил повеќе внимание на компонирањето и барањето посебни оркестарски бои отколку на импровизацијата. Тој е еден од креаторите на оркестарскиот стил во џезот.

Најпознатите композиции на Дјук Елингтон се „Solitude”, „Sophisticated Lady” и "„Mood Indigo”". Тој, исто така, компонирал концертни дела, музика за балет, мјузикли и филмска и сценска музика. Во неговите аранжмани и композиција, тој го разви својот специфичен „Ellington Sound“, кој е под влијание на музичкиот импресионизам во однос на бојата на звукот. Во своето творештво бил инспириран од животот на својот народ, на кого му посветил најголем дел од своите композиции. Најпознатиот од нив, „Црна, кафеава и беж“, зборува за тоа како со текот на времето се менувала бојата на црнците донесени од Африка во Америка. Во композицијата „New Orleans Jazz Suite“ во пет движења ги опеал најпознатите креатори на џезот.

Почести и влијание Еден парк во Вашингтон го носи името „Дјук Елингтон“, а во овој град и еден мост го носи неговото име. Плоштадот „Дјук Елингтон“ е изграден во Централниот парк во Њујорк, со грандиозен споменик на овој голем музичар. Зградата на Менхетен, каде што живеел, го носи и неговото име - Куќата на Дјук Елингтон и е заштитена како историска локација.

На Елингтон му е посветена композицијата на џез-музичарот Раф Малик (Raphe Malik), „ЦЦ (Посветено на Дјук Елингтон)“ (англиски: CC (Dedicated to Duke Ellington).FMP Story, FMP MJ 01, 1996. Исто така, една композиција на музичкиот албум „Mingus ah um“ на американскиот џез-музичар Чарлс Мингас од 1959 година, е насловена „Отворено писмо до Дјук“ (Open letter to Duke).Charles Mingus, Mingus ah um, Columbia/Legacy, CK 65512, 1998.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Добитници на Греми Категорија:Американски композитори Категорија:Американски џез-музичари Категорија:Луѓе од Њујорк Категорија:Починати во 1974 година Категорија:Родени во 1899 година Категорија:Носители на Легијата на честа