мини| Арнела Оџаковиќ Арнела Оџаковиќ (родена на 5 септември 1983 година, во Требиње, Босна и Херцеговина, Југославија) е босанска каратистка и спортистка на годината во 2007 година.
Таа завршила на петтото место во женска група за над 60 кг, во кумите на Светското првенство во карате 2006 година. Во мај 2010 година, karaterec.com ја рангирал на број 10 меѓу жени во групата +60кг во кумите од 129 вкупно.
Карате кариерата ја започнала на 8-годишна возраст. Поради Босанската војна, морала да го напушти родниот град и за време на војната да остане во Горажде. Во 1996 година се преселила во Сараево и станала член на Карате клубот Сенсеи под инструкторката Мерита Тириќ-Чампара. Од 2000 година била член на Карате клубот Бушидо во Сараево.
Во текот на дванаесет години од нејзината кариера, таа собрала повеќе од 150 медали на државни и меѓународни натпревари.
Факти висина 1,71 m (5'7") кумите карате категорија +60 кг
Достигнувања
Двократен јуниорски европски шампион (сингл и тим) Златен медал на Медитеранските игри во Шпанија 2005 година Вице европски првак 2007 година (сингл и тим) Вице европски шампион 2008 (сингл), трето место (екипно) Бронзен медал на Медитеранските игри во Италија 2009 година Златен медал на Светските игри во Тајван 2009 година
Наводи
Надворешни врски
Карате федерација БиХ Карате клуб Бушидо Сараево
Категорија:Босански спортисти Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1983 година