„Речник на Ѓошо Колев“ — ракописен грчко-македонски речник, составен врз основа на воденското наречје кон крајот на XIX век.

Автор на речникот е свештеникот Ѓошо Колев од мегленското село Лесково, кој го составувал ракописот од 1875 до 1893 година. Колев учел во Негуш и Балџа и не го познавал книжевниот грчки јазик, но течно го зборувал народниот грчки јазик. Речникот е напишан со грчки букви и претставува богата збирка лексички особености на јужномакедонското говорно подрачје. Тој има посебна вредност по тоа што не е поврзан со ниту еден книжевен извор и го прикажува воденското наречје во изворен облик.

Наводи

Категорија:Меглен Категорија:Речници на македонскиот јазик