Манастир „Свети вмч. Георгиј“ Пашино Рувци, Обршанска парохија — монографија за Пашинорувскиот манастир на Цветко Рулески, објавена од печатницата „Ацетони“ во 2021 година.

Содржина На почетокот во монографијата е даден кус опис на Обршанската парохија, дел од Прилепското архијерејско намесништво. Следат описи на манастирите во соседните села придружени со фотографии.

Во вториот дел е опишан манастирот Св. Георгиј, од откривањето на темелите на старата црква, изградбата на манастирската црква врз постојните темели, осветувањето, градбата на конаците, уредувањето на просторот… Сето тоа е придружено со фотографии.

Третиот дел е посветен на говори за патронот Св. Георги. Се пренесува празнувањето на Ѓурѓовден. На крајот се податоците за сите манастири во земјата и во странство со името Св. Ѓорѓи.

Наводи

Категорија:Монографии Категорија:Книги од 2021 година Категорија:Дела од Цветко Рулески Категорија:Книги на македонски јазик Категорија:Книги издадени во Прилеп Категорија:Пашинорувски манастир Категорија:Појавено во 2021 година во Македонија Категорија:Книги за Македонија