Долно Броди (, Като Вронду) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци-христијани и Македонци муслимани. Второспоменатите во изворите погрешно се водат како „Турци“.
Географија Селото се наоѓа историско-географската област Мрвачко, во југоисточното подножје на планината Црна Гора. Лежи на 17 км југозападно од Зрново и 10 км југоисточно од Горно Броди во Серско. Сместено е меѓу врвовите Горно Драган и Штудер.
Историја Среден век Броди за првпат се спомнува во XIV век во заповед на српскиот цар Стефан Душан до велможата Рајко, управител Вронду (Броди) и Трилисион (Трлис).
Во Отоманското Царство мини|250п|Црквата „Св. Тодор“ во Долно Броди Во османлиски дефтер од 1478 г. се гледа дека тогаш Долно Броди имало 179 христијански домаќинства и 6 домаќинства на „Туркмени“-муслимани. Второспоменатите како многу малобројни се претопиле во месното македонско население.
Во немирните години од подоцнежниот период еден дел од населението го примило исламот. Во XIX век Долно Броди било релативно големо село во Неврокопската Каза на Серскиот Санџак чие македонско население било верски мешано (христијани и муслимани). Било типично мрвачко село, каде до почетокот на XIX век се добивало многи руда во т.н. задми (јами) по течението на реката Опека — Османаговата, Топалмихаљовата, Ицвехтовата, Тоњовата, Граматиковата, Каравеликовата, Коешиновата, Капчината и Камбурамедовата. Жителите на селото не не оделе на печалба и во текот на целата година копале руда во присуство на вода и ако времето не било премногу студено. Единствени занаети биле печкарството и коваштвото – работата во печките и ковачниците, каде се преработувало добиеното железо. Сопствениците на задмите поседувале делови од шумата за добивање на јаглен. Најмногу јаглен се вадел во Шипајково, Алмалак и Криви Дол. Кон крајот на XIX век по реката имало само три печки во кои се топел магнетитниот песок — Долната печка (најблиску до селото), Средната и Горната. До 1900 г. опстанал и последниот самоков, сопственост на селскиот чорбаџија Иван Коџабашев.
По замирањето на железарството селаните почнале да се занимаваат со земјоделство и повеќе со сточарство.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника се вели дека во 1873 г. Долне Броди (Dolné-brodi) било село со 230 домаќинства на 480 Македонци и 180 муслимани.
Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) го обележал Долно Броди како село со 133 македонски и 70 „турски“ куќи. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало вкупно 1.570 жители, од кои 800 Македонци-христијани и 770 „Турци“.
По 1904 г. во грчкото училиште во селото предавале учителката В. Пасхали и учителите Г. Зјогас, Георгиос Тријандафилидис, Л. Јоанидис и ќерка му Јоаниду.
Во 1905 г. селото било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Долно Броди живееле 1696 Макдонци егзархисти. Имало бугарско основно училиште со 2 учители и 92 ученици.
Во извештај до митрополитот Иларион Неврокопски од 1909 г. пишува за селото:
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година селото имало околу 250 христијански и 140 муслимански семејства, вкупно 1.437 жители.
Во 1913, 1918 и 1925 г. христијанското население на селото се преселило во Бугарија. Во 1920 г. во Долно Броди се попишани 1.102 лица, кои потоа продолжиле да се иселуваат. Во 1923 г. Македонците муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. Последниот голем бран на иселување во Бугарија се случил по крвавиот Трлиски инцидент од јули 1924 г. кога се иселиле 749 лица. Во селото останале само 4 гркомански семејства. Денес најмногу потомци на бегалците од Долно Броди живеат во Неврокопско, Пловдив, Кричим, Пазарџик, Софија. Во 1928 г. Долно Броди е попишано како чисто дојденско село со 690 жители (183 семејства). Во 1940 г. во селото се заваедени 1.980 души, од кои 1263 мажи, што значи дека биле вкучени војниците од пограничниот гарнизон.
Селото настрадало и во Втората светска и Граѓанската војна. По војните настапило иселување во поголемите градови.
Жителите одгледуваат жито, тутун, компири и други земојделски производи, а се занимаваат и со сточарство.
+ Прекръстени с официален указ местности в община Долно Броди на 13 януари 1969 година Име Грчки Ново име Грчки Опис Узун Οὐζούν Микрорема Μικρόρρεμα река ЮИ от Долно Броди Чамлик Τσαμλίκ Певка Πεῦκα местност Ю от Долно Броди край река Узун Јурта Γιούρτα Авго Αβγό връх (1063,4 м) ЮЗ от Долно Броди Склијанова Σκλιάνοβα Ксиротопос Ξηρότοπος местност СИ от Долно Броди Чатал Чешме Τσατάλ Τσεσμὲ Врисес Βρῦσες гора Ю от Долно Броди Кукули Баир Κουκούλι Μπαΐρ Гимнолофос Γυμνόλοφος връх (767,6 м) С от Долно Броди
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Тодор“ од 1835 г., прогласена за споменик на културата
Население
а Вбројани се војници од пограничниот гарнизон во селото. Наводи
Категорија:Неврокоп (Егејска Македонија)