Селиште — археолошко наоѓалиште во прилепското село Дрен. Тоа е населба од римското време. На 300 м југоисточно од селото, на падините на Говедарник и од двете страни на патот за селото Гуѓаково, на поголема површина се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси и многу градежен материјал. Од овој локалитет во црквата Св. Никола е донесена мермерна биста без глава. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.

Поврзано Грамаѓе — населба од доцноантичкото време; Џиџево — населба од римското време; Кркулка — населба од римското време; Торово Трло — населба од доцноантичкото време; Св. Илија — црква од непознат период; Дрен (Прилепско); Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;

Наводи

Категорија:Дрен (Прилепско)