Влашка црква () — српска православна црква изградена во 1450 година во селото Доњи Крај, во Цетињското Поле, во тоа време дел од Зета (денешна Црна Гора).

Стеќци Црквата била изградена околу 1450 година на местото на богомилската некропола што опфаќала околу 150 стеќци (украсени надгробни споменици).Ratko Đurović (1969). Crnom Gorom. "Binoza," Grafički zavod Hrvatske. p. 97. Retrieved 26 April 2013. Само два од нив се зачувани до денес. Првично свртени еден кон друг, тие неодамна биле променети да бидат рамо до рамо. Според некои преданија, забележани за прв пат од Љубомир Ненадовиќ, под нив се погребани воениот командант од 17 век Бајо Пивљанин и неговата сопруга. Според друго предание и документарен доказ, стеќците ги означуваат гробовите на ктиторите на црквата - Иван Боројевиќ, роден во Стари Влах, и неговата сопруга Јелица.

Потекло на името Една тероја вели дека црквата го добила името според Власите кои го чувале добитокот на Иван Црнојевиќ и ја изградиле црквата околу 1450 година.

Постојат неколку дополнителни теории за потеклото на називот Влашка во името на црквата. Некои автори сметаат дека поимот во името на оваа црква се користи како егзоним. Други теории го поврзуваат името на црквата со фактот дека поимите како „влашка црква“ или „влашки ритуали“ биле показатели за членството во Источната православна црква и православието или со демонимот Влах. (според нив оваа црква наводно била изградена од доселеници од Стари Влах во денешна Србија).

Градежни материјали Црквата првично била направена од плет () и кал и повторно била градена три пати. Најпрво била преизградена со камења без малтер ( ), потоа со камења со варов малтер () и конечно, во 1864 година, црквата го добила денешниот облик. Заштитната ограда околу црквата била изградена во 1897 година со помош на цевки од отомански пушки заробени во 1858 година за време на Битката кај Граховац.

Слики

Наводи

Категорија:Цетиње Категорија:Српски православни цркви во Црна Гора Категорија:Православни цркви во Црна Гора Категорија:Православни цркви од 15 век