Карли Реј Џепсен (англ. Carly Rae Jepsen; родена на 21 ноември 1985 година) ― канадска пејачка. Во 2007 година завршила на трето место во петтата сезона од Канадски идол.
На меѓународната музичка сцена Џепсен се пробила во 2012 година по издавањето на синглот „Call Me Maybe“, кој бил прогласен за најпродаван сингл за таа година и бил продаден во над 18 милиони примероци. Песната се искачила на прво место на топ-листите во повеќе од 19 земји и на Џепсен ѝ помогнала да склучи договор со издавачките куќи Schoolboy Records и Interscope Records.
Џепсен добила три Џуно награди, три награди „Билборд“ и награда Алан Слејт, а исто така била номинирана за Греми, МТВ видео музичките награди, награда „Поларис“ и Награди по избор на народот.
Животопис
1985−2006: Детство, образование и почетоци на кариерата Џепсен е родена на 21 ноември 1985 година во Мишн, Британска Колумбија, како второ од трите деца на Александра и Лери Џепсен. Таа има данско, англиско и шкотско потекло. Учела во средното училиште Херитиџ Парк и покажала интерес за театарски мјузикли; глумела во училишните претстави: Ени каде ја глумела Ени, Брилијантин каде што ја глумела Сенди Олсон и Волшебникот во улога на Дороти Гејл. Таа сакала да запише студии поврзани со музика, но по совет на нејзиниот професор по драма од средното училиште, таа се пријавила на аудиција во Канадскиот колеџ за сценски уметности во Викторија и била една од 25-те студентки кои биле примени на едногодишни студии во 2004 година.
По дипломирањето, Џепсен се преселила во Ванкувер и работела најразлични работи. Во слободно време пишувала песни.
2007–2010: Канадски идол и прв албум десно|мини|269x269пкс| Џепсен настапува на Денот на Канада во 2010 година Во 2007 година, нејзиниот професор по драма во средно училиште ја убедил да се пријави на Канадски идол. На натпреварувањето Џепсен завршила на трето место. Нејзината демо снимка го привлекла вниманието на музичкиот менаџер Џонатан Симкин, кој на Џепсен ѝ помогнал да потпише договор за менаџирање со 604 Records. Првиот сингл на Џепсен бил преработка на песната од Џон Денвер „Sunshine on My Shoulders“ и бил објавен во јуни 2008 година. Нејзиниот прв студиски албум, Tug of War, бил објавен во септември 2008 година и бил продаден во 10 000 примероци во Канада.
2011–2014: Стекнување на меѓународна популарност лево|мини| Џепсен настапува како воведен пејач на турнејата од Џастин Бибер во 2012 година Летото 2011 година, Џепсен снимила материјал за нејзиниот втор студиски албум. Песната „Call Me Maybe“ била објавена во септември 2011 година. Песната била промовирана од канадскиот поп-пејач Џастин Бибер, што го навело на менаџерот од Бибер, Скутер Браун, со Џепсен да потпише заеднички светски договор за снимање со неговата издавачка куќа, Schoolboy Records и големата издавачка куќа Interscope Records. „Call Me Maybe“ се искачила на прво место на канадската топ-листа, а Џепсен станала четврт канадски изведувач кој се искачил на врвот на топ-листата. Во САД, песната поминала девет недели на прво место на Billboard Hot 100 и од списанието Билборд била прогласена за „Песна на летото“. Синглот бил најпродаван сингл во светот за 2012 година и бил на врвот на топ-листите во 19 земји. Песната била вклучена во ЕР-то со шест песни од Џепсен, Curiosity, објавено во февруари 2012 година во Канада. По успехот на „Call Me Maybe“, Џепсен со Owl City го снимила дуетот „Good Time“, објавен во јуни 2012 година.
Вториот студиски албум на Џепсен, Kiss, бил издаден во септември 2012 година и ги содржел сингловите „This Kiss“ и „Tonight I'm Getting Over You“. Албумот се пласирал во топ-10 на топ-листите во Австралија, Велика Британија, Канада и САД. Истата година, Џепсен станала портпарол и модел на компанијата за облека Wet Seal и глумела во првата епизода од петтата сезона на серијата 90210. На Билбордовите музички награди во 2012 година, Џепсен станала прв канадски изведувач кој ја добил наградата „Ѕвезда во подем“, а Call Me Maybe на 55-тото доделување на Греми наградите била номинирана за „Песна на годината“ и „Најдобра поп-соло-изведба“.
Во јануари 2013 година, Џепсен станала портпарол на брендот за облека и обувки Candie's. На Џуно наградите во 2013 година, албумот Kiss бил прогласен за албум на годината и за поп-албум на годината, а „Call Me Maybe“ ја освоил наградата „Сингл на годината“.
Пролетта 2014 година, Џепсел 12 недели глумела во Пепелашка, театарска претстава на Бродвеј во режија на Роџерс и Хамерштајн. Во јуни 2014 година, Џепсен ја освоила наградата за меѓународно достигнување на SOCAN наградите.
2015–денес: Следни изданија и други проекти мини|Џепсен настапува на нејзината турнеја „Gimmie Love“ во 2016 година Џепсен го издала водечкиот сингл од нејзиниот трет албум, „I Really Like You“, во март 2015 година. Во музичкото видео за песната учествувал глумецот Том Хенкс. Студискиот албум, под наслов Emotion, бил објавен во јуни 2015 година. Иако релативно послабо се продавал во споредба со Kiss, албумот добил признание од критиката и култни следбеници. Албумот се искачил на осмо место во Канада и на 16-то место на американскиот Билборд 200. Вториот сингл, „Run Away with Me", бил објавен во јули 2015 година. Во декември 2015 година, Џепсен ја снимила тематската песна за серијата на Нетфликс Fuller House, римејк на темата за Full House.
Во јануари 2016 година, Џепсен ја играла улогата на Френчи во Брилијантин во живо!, телевизиска презентација во живо на Фокс на мјузиклот Брилјантин. Во рамките на нејзината улога, таа извела нова песна под наслов „All I Need Is an Angel“. Во март 2016 година, таа била гостин-пејач на првиот студиски албум од The Knocks, 55. Во август 2016 година, Џепсен го издала мини-албумот Emotion: Side B, EP со осум исечени песни од Emotion. ЕР-то било пофалено од Rolling Stone и Pitchfork. Во мај 2017 година, Џепсен го издала синглот „Cut to the Feeling“. Песната прво требало да биде на албумот Emotion, но била употребена во анимираниот филм Балерина, во кој Џепсен ја толкувала споредната улога. лево|мини| Џепсен за време на нејзината турнеја во 2020 година На почетокот од 2018 година, Џепсен била воведен изведувач на турнејата од Кети Пери, Witness: The Tour. „Party for One“, водечкиот сингл од четвртиот студиски албум на Џепсен, бил објавен во ноември 2018 година. Во февруари 2019 година таа објавила уште два сингла, „Now That I Found You“ и „No Drug Like Me“, по кои следувале „Julien“ и „Too Much“ како четврти и петти сингл, соодветно. Во тоа време, Браун повеќе не бил менаџер на Џепсен, иако таа сè уште имала договор со Schoolboy Records.
Нејзиниот четврти студиски албум, Dedicated, бил издаден на 17 мај 2019 година, а турнејата за поддршка на албумот започнала на 27 јуни. На 21 мај 2020 година, бил објавен придружниот албум Dedicated Side B, кој содржел дванаесет дополнителни песни од Dedicated. Во октомври 2020 година, Џепсен ја издала песната „It's Not Christmas Till Somebody Cries“.
По објавувањето на Dedicated Side B, Џепсен навела дека заедно со долгогодишниот пријател и текстописец Тавиш Кроу, со кого ја напиша „Call Me Maybe“, прави „карантински албум“. Во мај 2022 година, Џепсен на нејзиниот настап на Коачела го најавила водечкиот сингл од нејзиниот шести студиски албум, „Western Wind“, кој бил објавен на 6 мај 2022 година. Нејзиниот шести студиски албум, The Loneliest Time, бил објавен на 21 октомври 2022 година, а набргу потоа ги објавила вториот сингл од албумот, „Beach House“ и третиот сингл „Talking to Yourself“. Песната The Loneliest Time во соработка со Руфус Вејнрајт, бил четврт и последен сингл од албумот, објавен на 8 октомври 2022 година. На платформата за социјални медиуми TikTok, песната станала вирална и имала речиси 200 000 видеа од нејзиното објавување, а меѓу тие видеа имало и познати личности како Меган Трејнор. Албумот дебитирал на 18-то место на канадската топ-листа за албуми, 19-то место на Билборд 200 и на 16-то место на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство, со што станал нејзин највисокопласиран албум во Обединетото Кралство во последните десет години.
На 23 јуни 2023 година, Џепсен објавила нов диско-сингл „Shy Boy“. Спотот за песната бил црно-бело видео во кое Џепсен е на состанок со љубовник. На 28 јули 2023 година, Џепсен го објавила нејзиниот седми студиски албум The Loveliest Time.
Дискографија
Tug of War (2008) Kiss (2012) Emotion (2015) Dedicated (2019) Dedicated Side B (2020) The Loneliest Time (2022) The Loveliest Time (2023)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Добитници на MTV Europe музички награди Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1985 година Категорија:Канадски кантавторки Категорија:Канадски кантавтори Категорија:Добитници на Џуно награда Категорија:Денс-поп музичари Категорија:Канадски поп-пејачки Категорија:Канадски активисти Категорија:Канадски сопрани Категорија:Канадски пејачки