Горна Лакавица или Врла Лакавица (, Микроклисура; до 1927 г. Λακάβιστα, Лакависта) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци муслимани.

Географија Горна Лакавица се наоѓа на северните падини на Боздаг.

Историја Во Отоманското Царство Во опис датиран меѓу 1478 и 1502 г. Горна Лакавица (Л’кавица или Папа Рајко) се води како село со 47 немуслимански домаќинства, 17 ергени немуслимани 7 вдовици и 1 муслиман. Во скратен регистар за ливата Паша од 1519 г. селото Папа Рајко со друго име Лакавица (Л’кавиче) е запишано вака — муслимани: 2 домаќинства; немуслимани: 74 домаќинства, ергени - 9, вдовици - 11. Во подробен регистар на санџакот Паша за 1524-1537 г. во Горна Лакавица (Лакавиче со друго име Папа Рајко) се регистрирани муслимани: 1, нежененети - 3; немуслимани: 67, ергени - 9, вдовици - 13. Во скратерн регистар од 1530 г. Горна Лакавица (Лакавиче со друго име Папа Рајко) имало муслимани: 1 домаќинство, ергени - 3; немуслимани: 67 домаќинства, ергени - 9; вдовици - 13. Во подробен регистар на санџакот Паша од 1569-70 г. се дава даночно обврзаното население вака: муслимани - 3 семејства и 15 ергени; немуслимани - 15 семејства и 37 неженени. Во список на домаќиствата на Неврокопскиот вилает од 13 март 1660 г. селото Горна Лакавица (Л’ковиче-и баља) е заведено како село со 7 немуслимански семејства. Во подробен регистар за собирањето на данокот авариз од Неврокопската Каза за 1723 г. Горна Лакавица (Л’кавиче-и баља) е запишана со 12 муслимански и 5 немуслимански домаќинства. Од ова се гледа дека исламизацијата зела замав дури во XVIII век.

Во XIX век Горна Лакавица било муслиманско село во Неврокопската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Горна Љаковица (Gorna-Liakovitsa) имала 110 домаќинства на 270 жители муслимани. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 500 жители „Турци“. Ова е грешка. Во друга статистика К’нчов се исправа, велејќи дека во Горна Лакавица (Л’ковица) имало 100 македонски муслумански куќи.

Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска. По податоци на БПЦ кон крајот на 1912 и почетокот на 1913 г. во Горна Лакавица живееле 130 семејства со вкупно 665 лица. по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 657 жители. Во 1920 г. селото имало 680 жители.

Во 1923 г. жителите на Горна Лакавица како муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. Во 1927 г. селото е преименувано во Микроклисура (Μικροκλεισούρα). До 1928 г. во Горна Лакавица бил доведен 201 грчки (63 семејства) дојдени од Турција.

Во 1960-тите дошло до масовно иселување на населението во поголемите градови.

Населението произведува тутун, жито и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.

Население

Наводи

Категорија:Неврокоп (Егејска Македонија)