Гуги-ча или чај од гоџи — традиционален кинески и корејски чај направен од сушени гоџи-бобинки или лисја. Традиционално, чајот се подготвувал од млади листови гојџи. Денес се користат стари листови или, уште почесто, плодовите односно бобинките. Чајот направен со бобинки може да се нарече гугија-ча или чај од гоџи-бери, додека чајот направен со лисја се нарекува гугиеоп-ча ( 구기엽차) или чај од гоџи-лист.

Подготовка Чајот подготвен од бобинки се прави со околу 20-25 грама сушени гоџи-бобинки потопени и зовриени малку во две чаши вода, со додадени различни соодветни ароми или засладувачи. Чајот од лист може да се подготви со околу 2-3 грама од суви лисја потопени во чаша топла вода.

Поврзано

Омија-ча

Наводи

Категорија:Традиционална кинеска медицина Категорија:Билни чаеви