Емили Хенри е американска авторка која е најпозната по нејзините најпродавани романтични романи според Њујорк Тајмс „Љубовно романче“, „Луѓето кои ги среќаваме на одмор“, „Книгољупци “ и „Среќното место“ .
Биографија Хенри посетувала средно училиште во Синсинати, Охајо, а потоа студирала на Хоуп колеџот со стипендија за креативно пишување со планови да студира танц. Таа, исто така, завршила писателска резиденција во сега веќе непостоечкиот њујоршки центар за студии за уметност и медиуми, дел од Универзитетот Бетел. Се врати во Синсинати по колеџот; и моментално живее и пишува во регионот на реката Охајо во Синсинати и Кентаки. Таа е писателка и коректор.
Писателска кариера Нејзиниот деби роман за млади, Љубовта што го подели светот, бил објавен во јануари 2016 година. По пишувањето на неколку романи за млади, првиот љубовен роман на Хенри за возрасни, Љубовно романче , бил објавен во 2020 година со широк успех. Книгите на Хенри се претставени во Базфид (анг: BuzzFeed), Списанието Опра, Entertainment Weekly, The New York Times и многу други. По Љубовно романче Хенри продолжила да пишува романтични романи за возрасни. Луѓето кои ги среќаваме на одмор била објавена во 2021 година. Во октомври 2022 година, била најавена филмска адаптација на Луѓето кои ги среќаваме на одмор од сценарио на Јулин Куанг, со режија на Брет Хејли, а продуцент на Темпл Хил. На 5 април 2023 година, било објавено дека Куанг исто така ќе напише и ќе режира филмска адаптација на Љубовно романче.
Книгољупци била објавена во 2022 година. На 28 март 2023 година, била најавена филмска адаптација од продуцентската куќа Танго, со Сара Хејворд која би требало да го напише сценариото.
Среќното место беше објавен во 2023 година. Од март 2023 година, Хенри продадала повеќе од 2,4 милиони книги колективно. Пишувајќи за Vulture во 2023 година, Алисон П. Дејвис ги опишала книгите на Хенри како книги кои содржат елементи од жанровите романтична комедија и љубовни романи и се фокусираат на теми за „почит“, како и на љубов.
Смешна приказна била објавена во април 2024 година.
Библиографија Фикција за млади
Љубовта што го подели светот (2016) Милион јуни (2017) Кога небото падна на сјајот (2019) Здраво девојки со Британи Каваларо (2019)
Фикција за возрасни
Љубовно романче (2020) Луѓето кои ги среќаваме на одмор (2021) Книгољупци (2022) Среќното место (2023) Смешна приказна (2024)
Награди
Победник на Гудридс 2021 - Најдобар љубовен роман за Луѓето кои ги среќаваме на одмор Добитник на Гудридс 2022 -Најдобар љубовен роман за Книгољупци Победник на Гудридс за 2023 - Најдобар љубовен роман за Среќно место
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски писатели Категорија:Американска книжевност