Мој термин (mojtermin.mk) — семрежна апликација за електронско објавување и следење на списоците за закажување прегледи во здравствените установи. Системот е почнат како пилот-проект на 1 декември 2011 година во Клиниката за радиологија, Градската општа болница „8 Септември“ и Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Цели Поставените цели на „Мој термин“ се: Намалување на метежот и редиците на чекање во амбулантите во здравствените установи Унифицирани и веродостојни бази на податоци Брзо и едноставно евидентирање и запишување на податоци за пациентите Градење на електронски здравствен картон (досие) Квалитетна здравствена услуга, за сметка на намалена административна работата Создавање на детален распоред за прием на пациенти кај сите доктори Воведување на нови работни процеси преку воведување на електронски здравствен картон, електронски рецепт, електронски упат, електронско закажување на прегледи и други услуги Намалување на бројот на двојни прегледи и интервенции Брзо општење и консултации помеѓу примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита Поквалитетна услуга и намалување на ризикот од погрешни стручни одлуки
Опис Апликацијата „Мој термин“ е поставена на мрежната адреса https://mojtermin.mk/ и пристапот до неа е слободен во делот за „Пациенти“. Пристапот до делот „Здравствени работници“ им е овозможен само на вработените во здравствените установи, корисници на апликацијата со корисничко име и јавка.
Апликацијата им овозможува на пациентите да: Проверат слободен термин по специјалист по апарат по установи Пронајдат упат Пребараат лекар или апарат
Поврзано Министерство за здравство на Македонија
Наводи
Надворешни врски Почетна страница на Мој термин
Категорија:Македонски мрежни места Категорија:Појавено во 2011 година во Македонија Категорија:Дигитални ресурси на македонски јазик