мини|250x250пкс| Уметнички приказ на параболата. Параболата за јаловата смоква (или параболата за неплодната смоква) — позната Исусова алегориска парабола за смоквино дрво што не дава плод.

Тоа е запишано само во Евангелието според Лука (13:6–9).

Парабола Евангелието според Лука ја пренесува следнава Исусова парабола:

Толкувања Во Исусовото време во лозјата често се саделе смокви. Смоквата била исто така вообичаен симбол на Израел, така што смоквата може да го претставува Израел во оваа приказна, или може да се однесува посебно на неговите верски водачи. Вообичаеното толкување е дека сопственикот на лозјето го претставува Бога, а лозарот Исус. Поентата на параболота е дека Исус им нуди на своите слушатели последна прилика за покајание.

Оваа парабола често се поврзува со некоја подоцнежна случка, кога Исус проколнал јалово смоквино дрво да се исуши.

Наводи

Литература

Надворешни врски

Категорија:Исусови параболи