Министерство за надворешни работи (португалски: Ministério dos Negócios Estrangeiros) — португалско владино министерство, одговорно за формулирање, координација и извршување на надворешната политика. Седиштето е во Лисабон, во Палатата Несесидадес.
Под покровителство на португалското Министерство за надворешни работи е Институтот Камиес, со кој заедно со министерствата за култура и образование, ги координира културните програми во земјите од португалско говорно подрачје и низ целиот свет.
Организациска структура
Кабинетот на државниот министер за надворешни работи; Канцеларијата на државниот секретар за европски прашања; Канцеларијата на државниот секретар за надворешни работи и соработка; Канцеларијата на државниот секретар за португалски заедници; Генерален секретаријат; Генерален директорат за надворешна политика; Генерален директорат за европски прашања; Генерален директорат за технички и економски прашања; Генерален директорат за конзуларни прашања и прашања на португалската заедница; Инспекции на дипломатско-конзуларните служби; Португалски институт за развојна помош; Меѓународна гранична комисија; Комисија за развој на лусо-шпанските речни сливови; Национална комисија за УНЕСКО.
Поврзано
Министерот за надворешни работи на Португалија Надворешни односи на Португалија Амбасади во Португалија Категорија:Министерства за надворешни работи Категорија:Министерства на Португалија