мини| Сликовит приказ на параболата за талантите, XV век. Парабола за талантите — Исусовата алегориска приказна за господарот што оди на пат доверувајќи им пари на своите слуги, за да по враќањето некои казни, а други да ги награди.
Параболата е забележана во канонските евангелија според Матеј и Лука. Разликата помеѓу двете евангелија е значајна, така што двете верзии можеби не доаѓаат од ист извор. Варијанта на оваа парабола постои и во неканонското Евангелие според Евреите.
Во Евангелието по Матеј, почетните зборови се чини дека се поврзани со параболата за десетте девојки, која непосредно ѝ претходи.
Парабола
Според Матеј Евангелието според Матеј ја наведува следната верзија на параболата:
Според Лука Евангелието според Лука ја наведува следната верзија на параболата:
Според Евреите Денес, Евангелието според Евреите во најголем дел е изгубено, така што изворниот запис за параболата не е зачуван. Евсевиј Кесариски пренесува дека во Евангелието според Евреите, најлошо не поминува оној што го криел својот талант, туку оној што живеел развратно. Имено, од тројцата, едниот го расфрлал имотот на својот господар со блудници и музичари, друг си ги умножил приходите, а третиот го скрил својот талант.Eusebius, Theophany on Matthew 22
Историски контекст Талан (или талант) бил единица мерка (приближно 26,2 кг) и во исто време највисока парична вредност меѓу Хелените и на хеленистичкиот исток. Еден сребрен талант вредел околу 6.000 денарии. Бидејќи денариот бил вообичаената работничка дневница, еден талант отприлика вредел дваесет години работа за обичен човек.Ако се смета 6 дана платена работа седмично, со 50 седмици годишно, тогаш 6.000 платени дни = 20 година.
Кај Лука се појавува заплет што го нема кај Матеј, имено дека дел од граѓаните се бунтуваат против владетелот кој е отсутен. Одамна е забележано дека постојат паралели помеѓу пишувањето на Лука и историските списи на Јосиф Флавиј.Max Krenkel, Josephus und Lukas (1894)Heinz Schreckenberg, Flavius Josephus and the Lukan Writings (1980), pages 179-209.Steve Mason, Josephus and Luke-Acts, (1992), pages 185-229Gregory Sterling, Historiography and Self-Definition: Josephos, Luke-Acts and Apologetic Historiography (1992) Човек кој патува во далечна земја за да прими царство може да биде поврзан со патувањето на Ирод Архелај во Рим за да прими царство. Јосиф дава детали кои се чини дека ја повторуваат приказната на Лука.Luke Timothy Johnson, Daniel J. Harrington, The Gospel of Luke (1991), endnote 12. стр. 289. Јосиф опишува како Евреите испратиле пратеници кај Август, додека Архелај патувал во Рим, да се жалат дека не го сакаат Архелај за владетел.Josephus, Antiquities of the Jews, 17:11Luke Timothy Johnson, Daniel J. Harrington, The Gospel of Luke (1991), endnote 14. стр. 290. Кога Архелај се вратил, наредил 3000 негови непријатели да бидат изведени пред храмот во Ерусалим, каде што биле заклани.
Толкувања Традиционално, параболата за талантите се смета за охрабрување за Исусовите ученици да ги користат нивните дарови дадени од Бога („талантите“ во секојдневна смисла) во служба на Бога и да преземаат ризици заради Царството Божјо. Неискористувањето на сопствените таланти, вели параболата, ќе резултира со осуда. Значењето на зборот талент во смисла на способност или вештина веројатно потекнува од ова традиционално толкување.The Concise Oxford Dictionary, 6th ed., 1976: "talent."
Јоаким Јеремијас верува дека првобитното значење на параболата е насочено против писарите (книжевниците) кои на своите ближни им ускратиле учество во Божјите дарови. Според него, Исус вели дека овие писари наскоро ќе бидат повикани на одговорност за она што го направиле со Божјата реч што им била доверена.Joachim JeremiasJoachim Jeremias, The Parables of Jesus, Scribner, 1954.
Вилијам Херцог, во согласност со теологијата на ослободувањето, буквално го сфаќа описот на сопственикот кој „жнее таму каде што не посеал“. Според читањето на Херцог, третиот слуга е „свиркач“ што ги разоткрива радостите на господарот како заработка од експлоатацијата на работниците потрошени на неумереност. Тој е казнет затоа што ја кажува вистината, а не затоа што не успеал да заработи. За Херцог, поентата на параболата е потребата од солидарност пред неправдата.
Наводи
Литература
Надворешни врски
Категорија:Исусови параболи