Ватонија (, Ολύνθιος) — река во Касандриско, Егејска Македонија. таа е една од најважните реки на Халкидичкиот Полуостров. Се влева во Касандрискиот Залив на Егејското Море. Долга е 36,64 км и има сливна на површина од .

Течение Реката извира на планината Холомонда и привчно тече во начелно западен правец. Кај врвот Загорите свртува на југозапад. Ја прима големата десна притока Буковика (Транос Лакос), па свртува на југ и навлегува во Холомонда во длабока и тесна клисура со стрмни страни и мали водопади. Понајуг котлината се проширува. Речното корито е тесно до патот Каркара – Полигеро. Реката излегува од планината северно от Маријана, проаѓа меѓу урнатините на античкиот град Олинт и селото Маријана образувајќи меандри. Завршува во Касандрискиот Залив на Егејското Море источно од селото Ајмама. Реката го создава големото блатесто подрачје кое почнува од Потидеја и завршува кај Полигерски Колиби.

Притоки → лева, ← десна → Велидија (Бакраци) ← Буковика (Транос Лакос) ← Мицара ← Паспалица ← Гаврија ← Буртоларис Лакос → Кипролакос ← Дап Лакос → Сари

Имиња Новото грчко име на реката е Олинтиос (Ολύνθιος), во превод Олинтсска, поради тоа што таа минува крај древниот град Олинт. Традиционалното име преди XX век е Ватонија име што го носи средновековна населба веќе напуштена на крајот од X век, а денес зачувано како топоним меѓу селата Кајаџик и Решетник. На ова место се наоѓа параклисот „Св. Благовештение“. На стари карти реката се нарекува и Ποταμός του Πολυγύρου, т.е. Полигерска Река. Реката, која обично има вода преку целата година, е една од реките на Халкидик каде се собира наносно злато. Од оваа дејност, која изгледа траела сè до XVI век се забележуваат големи камени купови по должината на коритото. Во антиката реката се нарекувала Сандан (Σάνδανος). На почетокот на XX век реката се нарекувала и Рецетникиотис (Ρετσετνικιώτης), т.е. Решетничка Река.

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Полигеро Категорија:Егејски слив