еМакамбини — рурална област во провинцијата Квазулу-Натал во Јужна Африка, која е претежно населена со членови на кланот Макамбини. Тоа е во близина на Мандени на брегот Зулуланд, северно од Дурбан и блиску до новиот меѓународен аеродром Кинг Шака.

Протест На 4 декември 2008 година, заедницата ги блокирала автопатите Н2 и Р102 во знак на протест поради не добивање на одговор. Полицијата одговорила со гумени куршуми при што биле повредени околу 50 лица и уапсени 10. Имало извештаи дека многу застрелани биле невини случајни минувачи извлечени од нивните домови. Исто така, има извештаи дека на многу од 10-те уапсени лица им била одбиена медицинска помош. Полицијата ги оправдала своите постапки со тврдењето дека жителите фрлале камења кон автомобилите што доаѓале од спротивната страна. Како резултат на блокадите на патиштата, договорот бил откажан а луѓето останале на својата земја.

Поддршка Заедницата тесно соработувала со Сојузот на сиромашните луѓе, и особено со Абахлали база Мјондоло, а исто така поднела жалба до Јужноафриканската комисија за човекови права.

На 16 јануари 2008 година, Центарот за права на домување и иселување во Женева издал отворено писмо до С'бу Ндебеле во кое остро ги осудил предложените иселувања и насилниот полициски одговор на протестите против него.COHRE letter to S'bu Ndebele, 16 January 2008

Наводи

Категорија:Протести за станување Категорија:Координати на Википодатоците