Голема Река (, Мегало Рема), Холомондас или Пазарудска Река (Ρέμα Απολλωνιάς_) — река во Касандриско и Лагадинско, Егејска Македонија. Тече низ полуостровот Халкидик и завршува во Бешичкото Езеро
Течение Реката извира на планината Хортач, источно под врвот Манола (776 м), северно од паланката Галачишта. Тече на север и тука го носи името Слотна. Ја прима големата лева притока Мана северно од Думбија и свртува на исток. Тука е наречена Вијамура. Ги прима левите притоки Латариха, Калјани и Камболакос, па почнува да се нарекува Голема Река (Мегало Рема). Откако ќе го прими потокот Каранѕакос повторно свртува на север. Минува источно од Егри Буџак и се влева во Бешичкото Езеро северно од Пазаруда.
Притоки → лева, ← десна → Мана ← Мармарудас → Кајраки ← Латарија (Караникос) ← Калјани ← Камболакос ← Каранѕакос ← Цацеруди → Ангелохоритико ← Микро Рема → Ацалиотико
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Полигеро Категорија:Бешик Категорија:Егејски слив