Јаребична или Скрка (, Σκρα ντι Λέγκεν, Σκόρκα ντι Λέγκαν/Λέαγκαν) — планина во северна Егејска Македонија, на границата на со Р. Македонија.

Географска характеристика Оваа мала планина се наоѓа во северниот дел на Мегленско, на границата со Кукушко и Гевгелиско во Р. Македонија. Сместена е на североисток од комплексот Пиново-Кожуф, од кој е одвоена со долината на Мал Меглен и седлото (830 м) на граничната пирамида бр. 87. На југ е одделена од планината Пајак со превојот Скрка (Макрокорифи, 880 м) и Ошинската Долина.

Името Скра е изопачено од влашкото Скорка ди Леген, со значење „Врв на Леген“.

Карпите на планината се варовници и офиолити.

Пајак со неговото северното подножје Јаребична е дел од мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1240003).

Во мај 1918 г. во Првата светска војна на планината се одиграла тешката Битка кај Јаребична, каде Антантата ѝ нанела пораз на бугарската војска. На врвот има споменик на победата и до него води пат.

Европската пешачка патека E6, која оди од селата Фуштани (300 м) и Ошин (820 м) ги сече Пајак и Јаребична, па завршува во селото Љумница (570 м), за да продолжи на исток кон Бојмица и Ругуновец.

+ Врвови Име Грчки Висина (м) Местоположба Јаребична, Скрка Σκρα, Σκρα ντι Λέγκεν, Σκόρκα ντι Λέγκαν/Λέαγκαν 1.097 СЗ над Љумница и ИСИ од Бериславци Παπαγιάννη 1.034 пирамида бр. 82 Скрка Βραχοκορφές, Σκρέκα 860 СИ од Ошин и И од Бериславци Јака Γιάκα 720 пирамда бр. 77 Гола Скрка Γυμνή, Σκορκ Γκόλα 880 ИСИ од Бериславци и И од Лугунци Бучовник Καταρράκτης, Μπουτσόφνικ, Σκορκ Δικορίτς 840 СИ од Бериславци и Лугунци Кула Κούλα 960 СИ од Ошин и И од Бериславци Мусо Μόσιο 789 СЗ од Љумница Скрка Налта Μυτερή Κορυφή 967 пирамида бр. 85 Мали Крш Πράσινος Λόφος, Μάλι Κρι, Μάλι Κροχ 643 пирамида бр. 73 Сарандар Σαραντόρ 960 пирамида бр. 80 Селица Σέλιστα 780 пирамида бр. 78 Мусов Гроб Τάφος Μήτσου, Γκρόπα Μόσιε 900 И од Љумница (Скра)

Поврзано Пајак (планина) Битка кај Јаребична

Наводи

Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Планини во Македонија Категорија:Меглен Категорија:Пајонија (општина) Категорија:Ума