Штефан-Болцманова константа, симбол σ (во ) — физичка константа, фактор на сразмерност помеѓу вкупната енергија што ја зрачи единица површина црно тело во единица време и четвртиот степен на апсолутната температура во Штефан-Болцмановиот закон. Неговата вредност и релативната мерна несигурност се:

σ = 5,670 373(21) · 10 -8 J s -1 m -2 K -4 ;

Штефан-Болцмановата константа може да се изрази со Болцмановата константа :

каде што:

е Планкова константа, ħ е Планкова константа поделена со 2π (исто така и Диракова константа ), е брзината на светлината во празен простор .

Константата е именувана по физичарите Јожеф Штефан и Лудвиг Болцман.

каде што:

е универзална гасна константа, е Авогадров број, е Ридбергова константа, е „релативна атомска маса“ на електрон, е константна моларна маса (1 g/mol по дефиниција), е константа на фина структура .

Поврзана константа е константата на зрачење, сразмерна на Штефан-Болцмановата:

Во Планковиот систем единици (), вредноста на Штефан-Болцмановата константа е еднаква на:

Константата σ, изведена од мерењата на Штефан, може да се запише во денешните единици:

Crepeau.

Мерењето на Штефан било прилично точно и за 10,8 % помало од денешната измерена вредност.

Константата е содржана во двете верзии на Штефан-Болцмановиот закон, и во Штефановите патеки добиени експериментално и во Болцмановата термодинамичка деривација. И двете патеки припаѓаат на класичната физика. Теоретското изведување на константата бара квантна механика и изведување од Планковиот закон.

Наводи

Литература

Надворешни врски Штефан-Болцманова константа, CODATA вредност

Категорија:Термодинамика Категорија:Физички константи