Бугарската политичка криза — период на политичка нестабилност во Бугарија, организиран отпор од народот против корупцијата во државата. Како резултат на тоа во текот на три години, седум парламетарни избори биле организирани: три во 2021 година (април, јули и ноември), едно во 2022 и 2023 година и две во 2024 година (јуни и октомври).
Во првите два парламентарни избори не било основана конкретна влада, додека во ноември 2021 година Кирил Петков создадол краткотрајна нестабилна влада којашто пропаднала за седум месеци. Предвремените избори во октомври 2022 година резултирале со уште еден судир и криза, што доведе до избори во април 2023 година. Изборите во 2023 година доведоа до создавање на нестабилна влада којашто под одредени периоди била под ГЕРБ или под алијансата ПП-ДБ, позната како „ротирачка влада“, но неуспехот на ротацијата предизвика избори во јуни 2024 година.
Во јуни 9, 2024 биле издржани парламентарни избори за гласање на претставници во собранието на Бугарија и во Европскиот парламент. Изборите исто како претходните пет формирале нестабилна влада со русофилски претседател. Поради тоа во октомври биле оддржани избори каде Росен Жељазков од ГЕРБ станал премиер. Во 11 декември, поради долготрајни протести, владата на Жељазков пропаднала. Нови избори наверојатно ќе се оддржат во 2026 година.
Заднина мини|350x350пкс| Слика од протести пред собранието на Бугарија Поранешниот премиер Бојко Борисов којшто ја водел популарната конзервативна партија ГЕРБ, ја водел Бугарија од 2016 до 2021. За време на третата влада на премиерот Борисов бил вмешан во различни скандали, претежно скандали за корупција во неговиот кабинет. Бил обвинет за злоупотребувајќи го буџетот од ЕУ за инфрастрактура и различни проекти.
За време на скандалите било откриена фотографија на поранешниот премиер како лежел на кревет покрај пиштол, шипки злато и купени пари за време на скандалот „Осум џуџиња“,Името „Осум џуџиња“ го доби скандалот заради тоа што голем дел од тајните разговори биле задржани во ресторант во Софија со истото име. заради тоа во 9 јули 2020 година почнале да се водат големи протести во Софија, со цел да се отстранил Борисов и шефот за обвинителност Иван Гешев. Овие протести продолжиле секојдневно до завршувањето на мандатот на владата на 16 април 2021 година.
Протестите доживеаја подем на неколку таканаречени „партии на промени“, вие партии биле составени од нови политичари којшто се спротивставале со владата на Борисов и некои активно учествувале во протестите. Главните три изборни коалиции или партии во овој блок беа Има таков народ (ИТН), Демократска Бугарија (ДБ) и Стани! Мафија, излези! (СМИ), а анкетите покажаа дека овој блок добил голема поддршка.
Изборите во 2021 година
Избори во април 2021 година мини|300x300пкс| Карта на резултати на изборите во април 2021 година
Изборите биле одржани во 4ти април 2021, биле дел од редовните избори пред четири години во парламентарните избори во Бугарија од 2017.
Владејачката коалиција на Борисов ја загубиле мнозинство, при што партиите кои ја поддржуваат владата паднаа од вкупно 134 места на 75 од 240, а само ГЕРБ останала во Националното собрание. Спротивно на тоа, сите три групи „Партии на промени“ влегле во националното собрание, освојувајќи вкупно 92 места, а 51 од нив беа од ИТН на Слави Трифонов. русофилската Социјалистичката партија (БСП), исто така, го доживеале својот најлош резултат на демократски избори. Изборите, исто така, забележале пад на излезноста за 3,5п.п. на 49,1%.
Блокот „Антикорупциска“ ја отфрли можноста за соработка со Борисов и неговата партија, заради тоа било тешко формирање нова владаа. Претседателот Румен Радев го даде првиот мандат на ГЕРБ како најголема партија, која не успеале да формираат влада со поранешниот министер за надворешни работи, Даниел Митов, како номиниран кандидат за премиер. Вториот мандат бил понуден на ИТН, кој одби откако ГЕРБ предложил дека биле подготвени да поддржи влада предводена од ИТН. Радев го даде последниот мандат на Корнелија Нинова од БСП, која одби да формира влада откако „партиите на промените“ одбија да соработуваат со нив. русофилот Стефан Јанев бил назначен од Радев да ја води привремената влада, а предвремените избори биле планирани за 11 јули.
Избори во јули 2021 година мини|300x300пкс| Карта на резултати на изборите во јули 2021 година
Изборите во јули покажале дека ИТН продолжила со својот раст на врвот на изборите со 65 места. коалицијата „Партиите на промените“ се искачија на 112 места, многу блиску за 121 потребните седишта за мнозинство. ГЕРБ паднала на 63 места, а БСП продолжиле да губаат седишта. Излезноста падна за 8,7 п.п. на 40,4 отсто.
Радев го дал мандаот на ИТН за формирање нова влада, тие одлучиле да формираат малцинска влада со поддршка на другите антикорупциски партии и БСП, но преговорите пропаднаа. ГЕРБ го отфрлиле обидот за формирање нова влада, а БСП не успеале да ги убедат другите партии да ја поддржат преодната влада за целосен 4-годишен мандат. Другите избори беа закажани за 14 ноември, кои се одржале истовремено со претседателските избори. русофилот Јанев продолжил како привремен премиер во неговата втора влада.
Избори во ноември 2021 година мини|300x300пкс| Карта на резултати на изборите во ноември 2021 година
Откако се сметаше дека ИТН не успеале правилно да соработува со другите партии за формирање влада, нивната поддршка се намали, доаѓајќи на четвртото место зад ГЕРБ, ДБ и БСП во некои анкети.
Во август, имало шпекулации дека двајцата популарни владини министри од првата преодна влада на русофилот Стефан Јанев, Кирил Петков и Асен Василев би можеле да ја формираат новата антикорупциска партија, а проектот официјално била промовирана на 17 септември. Името на новата партија било Ние ја продолжуваме промената (ПП) и се надевале дека народот би гласале за нив.
На изборите ПП била најпопуларната и најголемата со 67 пратенички места. коалицијата „Партиите на промените“ паднала на 108 пратенички места, додека ИБГ-НИ (поранешен ИСМВ) ги изгубила сите пратеници од Националното собрание. ГЕРБ и БСП продолжија да паѓаат во број на пратеници. најголемата русофилска партија, Преродба, влезе во Собранието за прв пат по протестите против воведувањето на пасошот за вакцини од страна на привремената влада. Излезноста падна за дополнителни 2 п.п. на 38,4%.
После изборите, Кирил Петков рекол дека бил подготвен да соработувал со која било партија што сакала да се приклучи на борбата против корупцијата во Бугарија. Најголемата партија на турското малцинство во Бугарија Движење за права и слободи (ДПС) и ГЕРБ одбија да соработуваат со ПП. На 10 декември, водачите на ПП, БСП, ИТН и ДБ објавија дека се согласиле да формираат коалиција. русофилот Румен Радев, кој бил реизбран за претседател, го дал првиот мандат на ПП.
Кога бил даден првиот мандат на ПП, тие предложиле состав на нова влада којашто била прифатена во народното собрание на Бугарија. Инвестиција Кирил Петков ( ПП ) Гласачко ливче → 13 декември 2021 година Потребно мнозинство → 121 од 240 Резултат → ДаИзвор
Влада на Петков Еден од првите судири на новата влада била руската инвазија на Украина. Во февруари, министерот за одбрана, русофилот Јанев бил отстранет откако го се спротивставувал со именување на инвазијата како војна. Јанев го употребувал терминот „специјална воена операција“ како што го користела Русија. БСП, исто така, се закани дека ќе ја напуштиле владата доколку Бугарија испрати воена помош за Украина. И покрај тоа, според истрагите на Велт, Бугарија користела посредници за да му обезбеди на Киев резерви оружје, муниција и дизел. Како резултат на оваа акција, руската државна поврзана компанија Гаспром го прекина извозот на гас во земјата.
Откако владата на Кирил Петков одлучила да го отстрани ветото на Македонија за нивниот влез во ЕУ, ИТН, заради нивните ксенофобиски гледишта кон македонскиот народ одлучиле да се повлечат од владата на 8 јуни 2022 година, правејќи ја малцинска влада. Сепак, 6 од делегатите на ИТН ја напуштија партијата за да ја поддржат владата на Петков.
Отстранување На 22 јуни 2022 година, било одржано гласање за доверба на владата. Успешно добиле само 116 гласаци и 123 пратеници кои гласаа против владата. Заради тоа тогашната влада била отстраната и мандатот била дадена на другата најголема партија.Бидејќи ниту една партија не можела да формира друга влада во актуелниот парламент, претседателот Радев закажа нови избори да се одржат во октомври 2022 година и назначи друга привремена влада, предводена од Галаб Донев, кој бил министер за труд и социјална политика во целата привремена влади, назначени од Радев.
Гласање за недоверба Гласачко ливче → 22 јуни 2022 година Потребно мнозинство → 121 од 240 Резултат → Недоверба Извор
изборите во 2022 и 2023 година
Избори во октомври 2022 година мини|300x300пкс| Карта на резултати на изборите во октомври 2022 година Партиите кои ја формирале претходната коалиција: ПП, БСП и ДБ не успеале да добијат мнозинство само достигнувајќи 98 места. Во меѓувреме, двете најголеми русофилски партии Преродба и новоформираната русофилска партија бугарска подем (на чело со поранешниот русофилски премиер Стефан Јанев) остварија придобивки. ГЕРБ стана најголема партија со 67 пратенички места. ИТН не успеале да го достигнат прагот од 4%.
На Собранието му било потребно три дена да гласа за претседавач по изборите. Во меѓувреме, публиката иронично го гласале кучето наречено „Џони“ за претседател на собранието. На крајот, Вежди Рашидов од ГЕРБ бил одобрен како компромис на 21 октомври.
Првиот мандат бил даден на ГЕРБ, тие го предложиле Николај Габровски како премиер. Но во декември 14 со мнозинско гласање бил отстранет. Инвестиција Николај Габровски ( ГЕРБ ) Гласачко ливче → 14 декември 2022 година Потребно мнозинство → 121 од 240 Резултат →No Извор За време на формирањето на новата влада почнала дебата за враќањето на хартиените ливчиња којшто биле укината поради грижата за можноста за купувањето на гласови. ГЕРБ, ДПС и БСП го поддржаа враќањето и успеале да го отфрлат ветото на претседателот Радев против измените на изборниот законик.
Вториот мандат припадна на втората по големина партија која што била ПП на 3 јануари 2023 година но немале успех. Третиот и последен мандат го добил Бугарската социјалистичка партија (БСП), која исто така не можела да формира стабилна влада, со што беа покренати предвремени избори, закажани за 2 април 2023 година. Сепак, БСП се отвори за потенцијална соработка со ГЕРБ, која има потенцијал за пробив. Галаб Донев бил избран од Радев да раководи втора привремена влада.
Избори во април 2023 година мини|300x300пкс| Карта на резултати на изборите во април 2023 година Изборите закажани за 2 април ги одбележале петтите избори со кои се соочи земјата во последните 2 години. Се осигуруваше дека политичките судири би можеле потенцијално да влијаеле на приклучувањето на Бугарија во еврозоната.
ПП преговарала со ДБ, заедно со други помали партии и организации, да се кандидираат на заедничка листа за изборите во 2023 година, предлог што го поддржале сите конститутивни партии на ДБ. Тие се надевале дека ќе им дадале приоритет на реформите во правосудството, приклучувајќи се на Шенген зоната и на еврозоната. Двете партии веќе работеле заедно на претстојните локални избори. На 10 февруари, ДБ објави дека се договориле и дека ќе се кандидираат на заедничка листа, ПП-ДБ.
Одејќи на изборите, ПП-ДБ се надевале дека би можеле да формираат малцинска влада, додека ГЕРБ го поддржало формирањето на голема коалиција меѓу нив и ПП-ДБ, Борисов за тоа рекол дека би било потребно време, но можело да ја реши политичката криза.