Гордана Димитриеска Кочоска (р. 6 јуни 1983 во Тетово) — македонска политичарка и актуелна министерка за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Животопис
Таа е дипломиран економист и дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со просечна оценка од 9.55. Потоа Димитриеска Кочоска станала магистер по економски науки на истиот факултет.
Димитриеска Кочоска поседува обуки, професионални надградби и меѓународни сертификати од повеќе области, како што е анализа на финансиски извештаи, сметководствена аналитика, менаџирање, контрола и управување, завршила и Академија за контрола, во Менаџмент центар - Белград, а лиценцирана од СА Akademie AG.
Била вработена во приватно претпријатие, како финансиски советник во областа на управување и финансии.
Претходно работела во Стопанска Банка, во Македонски Телеком во секторот на даноци, во Министерство за финансии во Секторот за јавен долг, а воедно во одреден период е и директор за финансии во ЕЛЕМ, во времето кога со ова претпријатие управувал сегашниот водач на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Димитриеска Кочоска е мажена и е мајка на две деца.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Политичари од Тетово Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Министри за финансии на Република Македонија