Локово (, Петра; до 1927 година Λόκοβη, Локови) — село во Катеринско, Егејска Македонија, денес во општината Катерина на округот Пиерија, Грција.

Географија Селото се наоѓа во северното подножје на планината Олимп, на 28 км западно од градот Катерина и Егејското Море. Близу селото е сместен Локовскиот манастир „Воведение на пресв. Богородица“, седиште на Локовската (Петренска) епархија која постоела до 1896 г.

Историја Селото е спомнато Трифон Евангелидис (1863-1941) кој во него забележал урнатини од две цркви со икони од 1710 г."Καζταρίδη Ι. Φ., Η Πιερία των περιηγητών και των γεωγράφων"σελ. 192 Воедно забележал и урнатини од тврдина од византиско време.

Локово како македонско село постоело одамна, но замрело, и било обновено од Грци во XX век. Во црквата „Св. Ѓорѓи“ има икона на Соборот на Апостолите, дело на кулакиски мајстор од втората половина на XIX век.

Обновеното село за првпат се спомнува на пописот од 1940 г. со 105 жители.

Население

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Катерина (општина)