Слободанка Шимбова-Бода родена Баљова ( во — ) — македонски партизан, борец во грчката граѓанска војна и членка на групата Костурчанки.

Животопис Во 1947 година му се придружила на својот cопpyг во народноослободителното движење во Егејска Македонија, кој во него учестувал од 1943 година, а бил и предвоен комунист. Од ДАГ нејзините деца биле испратени во домовите во Романија. По калитулирањето на ДАГ и таа со сопругот емигрирале таму, од каде се вратиле во Македонија, со трите свои деца во 1956 година.

Костурчанки Во групата „Костурчанки” членувала од нејзиното формирање во 1970. Во 1976 година се повлекла поради болест. Почина со песна на уста (1980 година), како порака да се запомне и пренесува.

Сите членови на „Костурчанки” со воздив зборувале за Бода и секоја се сеќава на нешто трајно што ја сврзувало со неа. Спомените ги навраќале уште во деновите во родното село. Бода била меѓу првите песнопејки во Д’мбени.

Наводи

Категорија:Членови на ДАГ Категорија:Членови на Костурчанки