десно|мини|Елза Фернандес во јануари 1936 година. Ова е единствената позната фотографија од нејзе. Елза Фернандес ( – година), чие вистинско име било Елвира Купело Калонио, била политички активист поврзана со Бразилската комунистичка партија.

Смртта Таа била убиена со задавување во 1936 година под сомнение дека била предавник на комунистичкото движење. Наредбата да се убие ја дал водачот Луис Карлос Престес. Во 1940 година, Престес и други биле лишени од слобода и осудени на 30 години затвор за убиството на Елза. Меѓутоа, во 1945 година, тој добил амнестија од Гетулио Варгас, кој ја барал неговата поддршка на претседателските избори во Бразил во 1950 година.

Серхио Родригес, бразилски писател, тврдел дека бразилската левица намерно го избришала сеќавањето на Елза Фернандес бидејќи нејзината смрт се сметала за срамна. При пребарувањето низ јавните архиви, секогаш се забележувало дека папките поврзани со Елза биле празни. Родригес напишал книга за неа во 2008 година.

Поврзано

Антонио Масиел Бонфим Бразилско комунистичко востание од 1935 година Хонорио де Фреитас Гимареш

Наводи

Категорија:Луѓе од Рио де Жанеиро Категорија:Починати во 1936 година Категорија:Родени во 1921 година Категорија:Статии со извори на португалски (pt) Категорија:Бразилски комунисти