Мита Мусманова (моминско: Маркова; во ) — македонски партизан, член на КПГ, борец во грчката граѓанска војна и членка на групата Костурчанки.

Животопис

Семејство Била приврзаник на НОБ од 1941 година, а во Граѓанската војна во Грција учествувала со својот сопруг Насо од 1947 до 1949 година. Брат ѝ Ристо Марковски бил првоборец. Тој затинал во борбите на планината Вичо во 1949 година. По поразот на ДАГ, Мита емигрирала во Полска, од каде што со своите деца се вратила во Македонија во 1959 година.

Костурчанки Член на групата „Костурчанки” е од 1976 година. Ја прекинала активноста во групата поради здравствени причини. Мита била позната по својот глас уште во родното село. Најмногу тогаш пеела со Слободанка Шимбова (Бода) и Деспина Ангелкова (Цалева).

Наводи

Категорија:Членови на ДАГ Категорија:Членови на Костурчанки