Ката Видева Брајковска - Ружа ( во — ) — македонски партизан, активист, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Повоен учител и носител на Партизанска споменица 1941 година.
Животопис Основно образование завршила во Ваташа, а нижа гимназија во Кавадарци. Уште од младешки години се вклучила во редовите на младинското револуционерно движење, а член на СКОЈ станала во 1941 година. Работела како монополски работник во Кавадарци и е еден од учесниците во штрајкот на работниците на Тутуновиот монопол, поради што била отпуштена од работа на 3 јуни 1941 година. Во текот на 1942 и 1943 година заедно со ваташките младинци е вклучена во собирање на оружје и воен материјал и учествува во подготовките за исфрлање на партизански одред. Нивната куќа е една од најактивните илегални куќи во Ваташа.
Борец во НОБ десно|мини|200x200пкс|Ката Видева е носител на Партизанската споменица 1941. Убиствата кои биле извршени во Ваташа, како и апсењата и теророт што го спровеле бугарските фашисти во Тиквешијата, а кои својата кулминација ја имале на 16 јуни со свирепото и ѕверско убиство на дванаесеттемина младинци од Ваташа, не само што не го поколебале населението од овој крај, туку напротив го сплотиле, револтирале и охрабриле. Наместо да се исплашат од крвавиот злочин, по убиството на младинците уште петмина ваташани стапиле во редовите на тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов“ и тоа: Ката Видикова-Ружа, Блажо Чекоров-Ѓуро, Методи Џунов-Џико, Блаже Џунов-Млаѓо, Гичо Еленов и други.
Во јули 1943 година станала борец во одредот „Добри Даскалов” и го добива псевдонимот „Ружа”. Таа е борец во баталјонот „Страшо Пинџур” и во Втората македонска ударна бригада, каде е член на единицата за извршување на специјални задачи. Со формирањето на Деветата македонска бригада, била назначена за заменик политички комесар на оваа партизанска единица и со неа учествувала во ослободувањето на Ваташа и Кавадарци на 7 Септември 1944 година. По војната работела како учителка во Тетово и Скопје. Во Скопје била учителка во училиштето „Вера Циривири”. Исто така била член на Претседателството на Конференцијата за општествена активност на жените на Македонија.
Ката Видикова за своите заслуги во НОВ е носител на Партизанска споменица 1941 година.
Поврзано
Перо Видев
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Македонски учители