Горасанли или Курасанли (, Гуранѕанли) — поранешно село во Нигритско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Визалтија во областа Централна Македонија, Грција.

Географија Селото се наоѓало во Серско Поле, помеѓу селата Макеш и Димитрич, северозападно од гратчето Нигрита, на надморска височина од 15 м.

Историја Во XIX век Горасанли било турско село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Горасанли имало 40 домаќинства и 118 жители муслимани.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Грозанли имало 140 жители Турци.

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 178 жители. Бидејќи селото настрадало во Првата светска војна, тоа не се спомнува како населба во наредните пописи. Последен пат се спомнува во 1926 г. при формирањето на општината Орљак (денес дел од Општина Долна Џумаја). Подоцна Горасанли било избришано од евиденција.

Наводи

Категорија:Историски села во Визалтија