Ени Чифлик (, Хорфакија; до 1927 г. Γενή Τσιφλίκ, Гени Цифлик) — поранешно село во Нигритско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Визалтија во областа Централна Македонија, Грција.
Географија Селото било сместено во Серско Поле, источно од гратчето Нигрита и североисточно од Хункос, во непосредна близина на селото Патрик, на надморска височина од 40 м. Од селото денес е останата само апсидата на црквата „Св. Ѓорѓи“.
Историја Во XIX век Ени Чифлик било село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Јени-чифлик (Yeni-tchiflik) имало 9 домаќинства и 118 жители Роми.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Ени Чифлик имало 60 жители, сите Македонци.
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Бидејќи селото настрадало за време на војните, тоа било евидентирано како напуштена населба во пописите од 1913 и 1920 г. Последен пат се спомнува во пописот од 1928 година, кога броело 19 жители. Подоцна Ени Чифлик бил избришан од евиденција.
Наводи
Категорија:Историски села во Визалтија