мини|Аршак Макичјан, руски климатски и антивоен активист Аршак Артурович Макичјан (, , роден на 2 јуни 1994 година) е климатски и антивоен активист кој живее во Русија, по потекло од Ерменија. Сè додека не бил уапсен во декември 2019 година, тој организирал училишен штрајк за климатските промени секој петок на плоштадот Пушкин, Москва, повеќе од 40 недели. Во Русија, поединечните протести се легални, но за поголеми протести е потребна полициска дозвола. Макичјан повеќе од 10 пати аплицирал за одржување на поголеми демонстрации неуспешно.
Тој ги инспирирал другите ширум Русија да учествуваат во училишниот штрајк за климата. Во декември 2019 година тој бил затворен на шест дена, неколку часа по враќањето од Мадрид, Шпанија, каде што зборувал на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени во 2019 година (COP 25).
По руската инвазија на Украина во 2022 година, тој ги проширил своите протести, пишувајќи „Јас сум против војната“ на десетици налепници за климата, бидејќи не можел да најде продавница што ќе го испечати зборот „војна“. Макичјан бил менаџер на социјални медиуми, сè додека неговата работа „не престанала да постои“ по руската инвазија на Украина, што довело до блокирање на интернет страниците во Русија. Откако морал да ја напушти земјата, му било судено во отсуство, додека бил во егзил во Германија, поради што го загубил руското државјанство. Судот го обвинува дека дал лажни информации за себе кога аплицирал за неговото руско државјанство во 2004 година, и покрај тоа што во тоа време имал само 10 години.
Студирал виолина на Московскиот конзерваториум Чајковски.
Поврзано
Грета Тунберг Училиштен штрајк за климатските промени Руска инвазија на Украина (2022)
Наводи
Надворешни врски
"Arshak Makichyan: The lone picketer" – интервју
Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Климатски дејци