мини|314x314пкс|За време на пописите на Албанија во 2023, првиот пописи што го нудело терминот „Бугари“ како опција, различни бугарски невладински организација којшто соработувале предвремено во Албанија активно се обидувале да го зголемат бројот на вештачкото малцинство. Виктор Стојанов, претставник и водач на бугарската фондација „Македонија“ активно се заканувал кон македонското малцинството во Пустец да се декларирале како Бугари или нивните бугарски пасоши би биле одземени. Низ последните години различни сведоци од друштва што го претставуваат македонското малцинство во Албанија го истакнале надворешниот притисок од страна на Бугарија како обид на создавање вештачко малцинство на Бугари во Албанија. Македонскиот политичар од Албанија, Васил Стерјовски водач на МАЕИ смета дека асимилацијата и бугаризацијата е претежно водено од бугарски државни институции и бугарските амбасадори во Тирана. Според бугарските институции над 50.000 Бугари живеат во Албанија.  Българите в Албания (2004) од Горешта Тема

Некои македонски политичари од Албанија сметаат дека бугаризацијата се водело преку злоупотребата на бугарскиот пасош како доказ на бугарско малцинство, но голем дел од луѓето со бугарски пасош биле од албанско потекло и се аплицирале за пасошот заради економски причини наместо етнички. Македонското друштво Преспа смета дека нема етнички бугари во Албанија освен во амбасадата во Тирана.

По падот на комунизмот на Албанија во 1990, три пописи досега биле организирани, во 2001, 2011 и 2023. Во сите досегашни пописи од 1945 немало бугарско малцинство во резултатите но во најновиот попис во 2023 после внесувањето на Бугарите во уставот на Албанија се броени 7.057 Бугари, повеќе од 2.281 броени Македонци во Албанија.Резултати од пописот на Албанија во 2023 година Заради тоа резултатите не се признаени од Македонците во Албанија.

Темелите на бугаризација во Албанија

Приклучување во уставот Во 2014 Европската Унија најавила дека еден од условите за влез во ЕУ на Албанија би била подобрувањето и признавањето на нејзините малцинства. Заради тоа во 2017 парламентот на Албанија ратификувале договор каде што ги признале Македонците, Србите, Црногорците, Власите, Бошњаците, Египќаните, Ромите и Грците во Албанија како малцинство со целосни јазични права покрај региони со мнозинство.ON THE PROTECTION OF NATIONAL MINORITIES IN THE REPUBLIC OF ALBANIA (2017) од Албанскиот парламент, одобрувано од Грамоз Речи Во оригиналното издание било планирало само да се приклучат 8 малцинства но заради тогашниот притисок од премиерот на Бојко Борисов дека Албанија би добила вето за нејзиниот влез во ЕУ ги приклучиле и Бугарите во уставот како малцинство.

Планот мини|334x334px|Корицата на брошурата „Бугарската политика спрема Република Македонија“ објавена во 2008, делото е еден од најраните планови за бугаризацијата на македонското малцинство во Албанија Во 31 март, 2008 година, Љубомир Иванов, тогашен историчар од Бугарија и претставник на русофилската историографија во Бугарија во средба во хотелот „Шератон“ во СофијаПредставяне на книгата "Българската политика спрямо Република Македония" (2008) од Дојче Веле ја претставил неговата брошура „Бугарската политика спрема Република Македонија“ за прв пат. Брошурата била пишана од различни историчари од Бугарија помеѓу јануари 2007 и јануари 2008 година. Во брошурата се дискутирало различни теми за македонскиот народ и историја, но под дел 2.2.4 во категоријата „Дејности“ се истакнало целта. Којшто според авторите било:

Во статијата „Екслузивно: Меѓу измислените Бугари повеќето Албанци“ објавена во 2022 во македонскиот весник во Албанија „Илинден“ се истакнува како брошурата на Иванов бил еден од основните темели за почетокот на бугаризацијата, којшто била финансирана и планирана во 2008 но би била спроведена во 2017 година кога бугарите биле приклучени во уставот.

Првите обиди мини|341x341px|Карта на малцинствата во Албанија, регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора се прикажани со македонско мнозинство. Дел од бугаризацијата во Албанија било обидот на докажување бугарски идентитет во тие региони. После признавањето на Бугарите во Албанија различни бугарски невладини и државни организации се обидувале да го докажат бугарско мнозинство во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора. Првиот обид бил преку хуманитарни дела каде што се обидувале да го подобрат гледиштето на Македонците во Пустец кон Бугарија. Според сведоци во Пустец, пред пописот во 2023 различни претставници од бугарската амбасада во Тирана го посетувале селото и донирале хуманитарни амбуланти, коли, школски книги и друго. Во школските книги различни македонски херои како цар Самоил биле претставени како Бугари.

Истовремено биле водени бесплатни здравствени прегледи од страна на бугарски лекари во Албанија на македонското малцинство преку проекти од бугарската фондација „Бугарска меморија“. Главниот водач на фондацијата бил Милен Врабески. Во 2023 година имало обид за отворање бугарски културен клуб во Пустец како обид на провокација но при посетата на бугарските новинари учествувал и македонскиот историчар Бранислав Светозаревиќ којшто во интервјуто сурово ги критикувал бугарските претставници, обележувајќи им го нивниот јазик како дијалект на македонскиот јазик со додадени зборови од рускиот јазик.

Преку хуманитарните дејства професорот Спас Тошев, професор на инстутитутот за население и хуманитарни истражувања, подгранка на БАН, се обидувал да го докажи бугарскиот карактер во Голо Брдо но обидот бил неуспешен. Истовремено русофилската бугарската историографија и владата на Бугарија се обидувале да докажат дека бугарското малцинство во Голо Брдо и Пустец биле редовно дискриминирани од страна на Македонците во регионите, но според истражувањата на Марија Дојче, универзитетска професорка немало никакви тензии или дискриминација во тие дела:

Како обид да се докажело бугарскиот карактер во тие региони, бугарката Тања Мангалакова ги посетила Голо Брдо и Мала Преспа во 2004 за да врши истражување на Бугарите во тој регион. При нејзината посета таа истакнала:

Милена Селими, државни претставници од комитетот за националните малцинства и Фитим Бали, секретар на советот на општина Булчица во јуни 8 2023 планирале посета за селото Големо Острени, Голо Брдо за средба за интересите на Бугарите во Албанија и за олеснувањето процесот на добивање бугарски пасош. Нивната посета била многу оспорена помеѓу граѓаните во селото и заради тоа Милена Селими во идна објава заклучила дека во селото немало бугарско население.

Во 2023 година двајца новинари од албанскиот телевизиски канал „Фикс фаре“ откриле нелегална станица во Големо Острени, Голо Брдо изградена од братот на тогашниот градоначалник на општина Булчица Фестиме Мјештри со фундови директно од Бугарија, во нејзе можело да се купи сертификати за бугарско потекло за бугарски пасоши за 50.000 леки (околу 30.750 денари во 2024) Двајцата новинари ги купиле како експеримент и откриле во нив дека содржиле лажни информации, во двете сертификати пишувало дека албанските новинари имале бугарски корени од населби каде што немале потекло или бугарско население.

Пописот во 2023 година Пописот на Албанија во 2023 претставувало можност на Бугарија за бугаризацијата на македонското малцинство, заради тоа што пописот бил првиот попис во албанска историја кадешто терминот „Бугарин“ бил понуден за еден од одговорите во прашањето за народност. Кога пописот почнал во септември 2023 потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова со нејзината делегација ја посетиле Тирана каде што отвориле школо за бугарски јазик и ја промовирале книгата „Бугари во Албанија“.ПОПИС ВО АЛБАНИЈА: Македонците ќе се попишуваат во услови на силна пропаганда за нивна бугаризација од официјална Софија (2023) од Денешен ВесникVP Takes Part in "Bulgarians in Albania" Book Presentation in Tirana on Eve of 1st Census since Recognition of Bulgarian Minority (2023) од Bulgarian News Agency

Различни македонски организации во Албанија се обидувале да го спречат притисокот на странската бугарска пропаганда во македонските региони. Кога почнало потписот бил издржан собор во Пустец каде што Едмонд Темелко најавил дека секој Македонец не требало да се срами на својот сопствен идентитет. Во средбата потврдиле дека населението е македонско, којшто го користи македонскиот јазик како главен јазик. Многумина македонски дружини ја контактирале албанската влада да го спречи влезот на бугарскиот шовонист Виктор Стојанов бидејќи во порани најави спомнал дека тие што би се декларирале како Бугари во пописите би добиле стипендија за факултети во Бугарија. Кога почнале пописите Бујар Османи најавил во видео дека македонскиот народ не требало да се срами на својот сопствен идентитет и да се декларирале како Македонци во пописиот.

Исто било пријавено дека за време на пописот сите којшто аплицирале за бугарски пасош биле повикувани кај амбасадата за да се потпишале како Бугари. Почнале да посетуваат различни села и градови со македонско мнозинство или големо македонско малцинство како Горица со различни подароци, во вториот ден откако почна пописот го посетиле Голо Брдо со различни поклони. Третиот ден откако почна пописот Илијана Јотова ги посетила претседателот, премиерот, претседател на парламентот и други за да можела да ја гарантира позицијата на вештачкото бугарско малцинство.

При посетета на Илијана Јотова со нејзе присустувала и Спас Тошев којшто се судрил со Стерјовски заради тоа што во неговиот Фејсбук профил прикажал слики за резултатите на пописот во македонските региони порано отколку што требало законски. Во постара статија исто објавено од Спас Тошев во 2020 тој признал дека бугарското малцинство било создадено и постоило само заради политички и дипломатски причини.

За време на изборите, Виктор Стојанов, водач на бугарската фондација „Македонија“ редовно ги посетувал места со македонско мнозинство каде што им подарувал поклони и ги објавувал во Фејсбук како Бугари, тој исто така активно се заканувал кон тие со бугарски пасоши да се потпишеле како Бугари. При една посета подарувал таблети каде што после ги сликал како ја заокружувале опцијата „Бугари“ за народност. Во друга најава се заканувал кон населението во Требишта дека градоначалник на селото добивал плата директно од Скопје, и дека останатото македонско население би ги преселил во Скопје.

После пописот и нејзините последици Амбасадорот на Република Албанија, Данчо Марковски негативно реагирал кон пописот. После пописот бил повикуван од министерот за надворешни работи во Скопје за да се дискутирало како да постапиле правилно со резултатите од пописот. Новиот МНР изјаснил дека се грижиле за техничките нерегуларности во Албанија за време на пописот и внатрешното мешање на бугарските партии и невладинските организации. Во идна објава МНР истакнале како не го сметале пописот како претставител на реалната бројка на Македонците во реонот. Тие исто така го истакнале нивното разочарност кон користењето на терминот „северномакедонци“ во резултатите на пописот бидејќи било против Преспанскиот договор.

Македонското друштво Преспа остро реагирале кон резултатите на пописот. Главниот водач на здружението го обвинувал градоначалникот на Општина Пустец за неговото неправилно постапување кон надворешниот притисок од бугарските невладински организации. Тие исто така биле незадоволни со реакцијата на единствената партија на Македонците во Албанија МАЕИ кон резултатите на пописот. Друштвото најавиле дека планирале да организираат нивен сопствен попис во Пустец слично како што најавиле Грците во Албанија за јужните делови на државата. После објавувањето на резултатите Красамир Каракачанов ги прифатил и игноранто истакнал дека македонските медиуми во последните 30 години се обидувале да создадат вештачко македонско малцинство то реагионот, Каракачанов не сфатил дека тоа било токму истиот тактик што ја користеле бугарската влада.