Фондација Клод-Моне — непрофитна организација што се грижи за градините и куќата на Клод Моне во Живерни (Ер). Во 2010 година местото го посетиле 530 000 посетители со што станало второ најпосетувано место во Нормандија, веднаш по Мон-Сен Мишел.Émission Secrets d'histoire, « Claude Monet : jardins secrets à Giverny », 30 août 2011. Оттогаш, посетеноста се зголемувала, во 2012 година достигнала 570 000 посетители, потоа 580 000 во 2013 година за да достигне 715 000 посетители во 2019 година, со што се зацврстува на своето второ место како туристичко одредиште во Нормандија.Giverny : la Fondation Claude-Monet vient d’établir un nouveau record de fréquentation.
Куќата и градините соодветно ги добиле називите „Куќи на познатите“ во 2012 Carte des maisons des Illustres, 2021. и „Прочуена градина“ во 2011 година.
Имотот е внесен во регистарот на историски споменикци на 26 април 1976 година.
Историја мини|Средишната патека на Кло Норман. мини|Поглед на „Јапонскиот мост“ од Езерцето на Лилјаните. Во април 1883 година на Моне му завршил закупот во Поаси, па тој барал голема куќа со ниска кирија подалеку од Париз, заради неговите ривалства и озборувања, особено затоа што живеел со мажена жена, Алис Ошеде. При посетата на Вексен, од вратата на малиот воз меѓу Вернон и Гасни, го открил Живерни, мало село со 279 жители.. Конечно, наидува на „селска куќа“ на местото наречено Ле Пресоар. Пред куќата имало зеленчукова градина и овоштарник, Кло Норман. Заградената целина се протегала на површина од 96 ари. Нејзиниот сопственик, Луј-Жозеф Сенжо, се согласил да му го изнајми и Моне се вселил тука на 29 април 1883 година. Еден месец подоцна, направил доста промени во градината. Изградил три стакленици и купил, од другата страна на патот, земја каде што, по бројни административни тешкотии, успеал да ископа езерце, а потоа во 1895 година го изградил Јапонскиот мост за да помине светлината под мостот и да ја осветлува сенката. Во 1890 година го купил имотот..
Куќата во која живеел Клод Моне од 1883 до 1926 година била обновена под негов надзор. Задржувајќи го розовиот малтер ја пребојадисал куќата во боите на својата палета: зелени врати и ролетни; жива хромова жолта трпезарија украсена со јапонски дрвописи од 18 и 19 век, кујна со ѕидови поплочени со сина и бела керамика од Руан, и небесно сино лакиран мебел. Во градината, тој го пренасочил кракот на реката Епт за да го полни езерцето над кое поминува Јапонскиот мост. Како собирач на хортикултурни списанија, Моне бил перфекционист за својата градина: ангажирал повеќе градинари (до седум), од кои еден бил одговорен за дневно отстранување на капките дожд или роса од водените лилјани.
Кога Клод Моне починал на 5 декември 1926, Мишел, неговиот единствен преживеан син, го наследил имотот во Живерни, тамошните слики и важната збирка од 243 јапонски дрвописи. Мишел не го привлекувал семејниот дом, претпочитал да оди на сафари во Африка. Бланш Моне-Ошеде, ќерка на Алис и вдовица на Жан, најстариот син на Моне, ја одржувала куќата и градината, со помош на главниот градинар Лебре. Кога во 1947 година умрела Бланш, градината била речиси напуштена и природата си ги повратила своите права...
Мишел Моне погинал во 1966 година во сообраќајна несреќа. Без наследник, имотот и збирките во Живерни ѝ ги завештал на Академијата за ликовни уметности. Жак Карли, архитектот на Дворецот де Шајо, член на Академијата за ликовни уметности и како таков куратор на музејот Мармотан, немал доволно финансиски средства да преземе вистински реставраторски зафат. Тој сепак го обновил покривот, ги заштитил графиките и го пренесол она што останало од збирката слики во музејот Мармотан.
Репортажа емитувана на на ТВ-каналот ОРТФ, речиси два месеци по смртта на Мишел Моне, ја прикажала куќата во Живерни каква што била тогаш. Таму биле откриени бројни слики, кои биле тогаш инвентаризирани, како и ателјето на сликарот, во напуштена состојба. Посетата ја водел Бурдон, нотарот одговорен за управување со имотот на Клод Моне, според завештаниото на неговиот син..
Кога Жак Карли починал во 1977 година, Академијата за ликовни уметности спасувањето на Живерни му го доверило на Жералд Ван дер Кемп, кој претходно го реставрирал Дворецот Версај,. Куќата била во лоша состојба, а во градината владеела пустош: Кло Норман била нападната од шипражје и плевел, многу дрвја изумреле, стаклениците веќе немале прозорци, потпорите на растенијата и решетките биле целосно рѓосани... Во Водената градина, Јапонскиот мост скапувал во црна вода, а бреговите биле уништени од нутрии.
Бидејќи буџетите што ги доделиле Академијата за ликовни уметности и Департманскиот совет на Ер не биле доволни, Џералд Ван дер Кемп и неговата сопруга Флоренс упатиле повик до американските мецени да го спасат Живерни. Почнале да пристигаат донации, главно од Versailles Foundation-Giverny Inc. од Њујорк и овие средства овозможиле успешно изведување на реставрацијата.
Во период од три години била завршена значителна работа. Куќата, ателјеата, мебелот и дрвописите биле реставрирани. Џералд Ван дер Кемп и Жилбер Вае, младиот главен градинар образуван во Националното училиште за хортикултура, ги вратиле градините во живот. Мртвите дрвја се сечеле, цветните леи се орале, патеките се воспоставувале и „Јапонскиот мост“ бил обновен според првичниот изглед, задржувајќи ја глицинијата што ја засадил Моне. Архивите, бројните фотографии и сеќавањата на оние кои ја познавале градината помогнале да се пронајдат плановите и омилените сорти на Моне. Некои сорти исчезнале и истите биле заменети со други, слични на нив. Конечно, пред да бидат отворени вратите за посетителите, патеките во градината биле проширени, цементирани и обрабени со цигли.
Во 1980 година била основана Фондацијата Клод Моне и на 1 јуни имотот ги отворил своите врати за јавноста. Многу брзо местото станало популарно одредиште за посетители од целиот свет. Куќата со градините станала второто најпосетувано туристичко место во Нормандија, веднаш по Мон Сен Мишел, со околу 530 000 љубители во периодот од април до ноември.
По смртта на нејзиниот сопруг во декември 2001 година, Флоренс Ван дер Кемп, дописен член на Академијата за ликовни уметности, станала куратор на Фондацијата Клод Моне и ја продолжила работата до нејзината смрт во февруари 2008.
Во март 2008 година, Академијата за ликовни уметности го избрала Иг Гал за директор на Фондацијата Клод Моне.
Куќата
Опис Во куќата каде што Клод Моне живеел 43 години, може да се посетат:
Во приземјето:„мала сина дневна соба“ (читална), ќерал (остава), ателје, трпезарија (на ѕидовите, збирка јапонски дрвописи) и кујна (со руански сини плочки, огромен шпорет и бакарен прибор); На првиот кат: приватните простории со спалната соба на Моне (биро и комода од XVIII век), спалната соба на Алис и нивните бањи. Од 2013 година, собата на Бланш Ошеде е достапна за јавноста, откако била преуредена по долгата архивска работа.
Збирка на јапонски дрвописи Повеќето од делата на Клод Моне се зачувани во Музејот Мармотан-Моне. Од друга страна, во куќата на Моне се сместени речиси 250 укијо-е дрвописи, кои датираат од 18 и 19 век вклучувајќи ги и главните дела на Китагава Утамаро (1753-1806), Кацушика Хокусаи (1760-1849) Утагава Хирошиге (1797-1858). Страста на Моне за јапонските дрвопис потекнувала од неговата долгогодишна уметничка обука во Авр и е видлива во некои од естетските избори направени во Живерни, особено во Водената градина. Меѓу најпознатите графики се копијата на Големиот бран кај Канагава и Планината Фуџи од Хокусаи.
Градини
Опис десно|мини| Поглед на градините во 1917 година (автохроматски). Пред куќата, изворно обновени градини се Кло Норман и Водената градина.
Ле Кло-Норман е создаден од сликарското знаење на Моне. Кога Моне се преселил во Живерни, го освоила градината од еден хектар, составена од овоштарник со јаболка и зеленчукова градина која се протегала покрај куќата. Голема патека обложена со чемпрес и смрека водела од портата до влезната врата, а цветните леи биле обрабени со кроена зеленика. Тој посветил години за да го направи Кло Норман „сликарство изведено непосредно од природата“. Ги отстранил шимширот и смреката и ги заменил со метални лакови. Ја засадил градината со илјадници цвеќиња во праволиниски план, вклучувајќи настурциуми, рози, лалиња, нарциси, перуники, ориентален мак и божури. Работата на Моне покажува страст за играта на светлината и одблесоците на облаците во водата. Во 1893 година, тој стекнал земјиште што се наоѓало на крајот на Кло Норман, кое станало „Водната градина“, пренесено на поколенијата, особено со Водните лилјани, збирка величествени платна започнати во 1897 година. Водената градина сведочи за опчинетоста на Моне од Јапонија. Изградил јапонски мост обоен во зелено и додал ориентални растенија како: бамбуси, гинко билоба, јавори, дрвенести божури од Јапонија, лилјани и жални врби.
Најпосле, Моне посадил водни божури на крајот на езерцето. Од самиот почеток, Водената градина била предмет на внимателна и постојана грижа. Градинар со полно работно време се грижел за неа.
Претстави на градината од Клод Моне СликаНасловДатумДимензииИзложена во150x150пксГрадина на божури201965 × 100 смНационален музеј на западната уметност (Токио)врска=Fichier:Monet - Im Garten - 1895.jpeg|150x150пксВо градината189581 × 92 смФондација и збирка Емил Г. Бирле (Цирих):150x150пксГрадината на уметникот во Живерни190082 × 92 смМузеј Орсе, Париз150x150пксГрадината на уметникот во Живерни190090 × 92 смУметничка галерија на Универзитетот Јејл150x150пксГрадината на цвеќињата1900 ?150x150пксГолемата алеја во Живерни1900Музеј на ликовната уметност во Монтреал150x150пксРасцветаните сводови, Живерни1913Музеј на уметноста Феникс, Аризона300x300пксЖолти перуники (W1826)1914200 × 101 смНационален музеј на западната уметност (Токио)167x167пксПатеката низ перуниките1914200 × 180 смМузеј Метрополитен (Њујорк)165x165пксСини лилјани1914-1926Музеј на современата уметност, Њујорк155x155пксКуќите низ розите1917-1919100 × 200 смАлбертина, Виена150x150пксПатеката на розите во Живерни1920-192489 х 100 смМузеј Мармотан-Моне (Париз)194x194пксКуќата меѓу розите (W1957)192592× 73 смМузеј Тисен-Борнемиса (Мадрид)150x150пксГлицинија1925153 х 203 смМузеј на уѕметноста во Хаг
Филмографија На 6 август 2010 година во градината биле снимени сцени од филмот Полноќ во Париз на Вуди Ален.« Woody Allen tourne en Normandie », Paris-Normandie, 6 août 2010
Наводи
Библиографија Claire Joyes, Claude Monet à Giverny, la visite et la mémoire des lieux, Éditions Claude Monet/Gourcuff/Gradenigo, 2010, Hélène Rochette, Maisons d'écrivains et d'artistes. Paris et ses alentours, pp. 224–229, Parigramme, Paris, 2004,
Надворешни врски
Fondation Monet website Monet's Years at Giverny: Beyond Impressionism, exhibition catalog fully online as PDF from The Metropolitan Museum of Art
Категорија:Градини во Франција Категорија:Клод Моне