200px|мини|Евгенија Јанчулева Евгенија Јанчулева моминско Ракиџиева (Прилеп, 1875 - прва половина на XX век) ― македонски просветен деец, борец за правата на жените.

Животопис Нејзиното родено презиме е Ракиџиева. Нејзина сестра е револуционерката Фанија Ракиџиева. По стапувањето во брак со докторот Јордан Јанчулев од Прилеп, таа го зела неговото презиме. Предавала и била директорка на Прилепското женско училиште. Отворила неделно училиште во Прилеп и така помагала во описменувањето на возрасното население во Прилеп.

Подоцна се вклучила во македонското револуционерно движење како курир и примајќи ги македонските револуционери на престој во својот дом.

Познати се три нејзини одржани јавни настапи во женското училиште во Прилеп: еден во 1892, а два во 1894 година, на кои се залагала за зголемено учество на жените во јавниот живот.

Наводи

Категорија:Родени во 1835 година Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Македонски просветители Категорија:Македонски општественици Категорија:Македонски преселници во Софија