мини|350п|Пресек на континенталната граница. Континентално подножје — нискорелјефна зона на насобрани талози сместена помеѓу континенталната падина и абисалната рамнина. Сочинува голем дел од континенталната граница и зафаќа околу 10 % од океанското дно.
Образување Оваа геолошка образба е производ на насложувањето на талози, претежно поради масовното движење, кое е надолно поместување на песок и други талози под дејство на Земјината тежа. Масовното движење може да се одвива постепено, при што талозите се насобираат испрекинато или во големи нагли падови. Големите падови се предизвикани од ненадејни настани како земјотреси или пркумерна стрмност на континенталната падина. Попостепеното насобирање на талози се случува кога хемипелагиски талозите кои пловат во океанот бавно налегнуваат во океанската котлина.
Падина Бидејќи континенталното подножје лежи под континенталната падина и е создадено со таложење, тоа има многу благ наклон, обично 1:50 до 1:500. Како што континенталното подножје се протега во морето, таложните слоеви стануваат потенки, а подножјето се спојува со абисалната рамнина, обично под наклон од 1:1000.
Придружни образби Наносни конуси Насложувањето на талози во устието на подводните кањони may образуваат маси во облик на лепеза (наречени подводни конуси) на континенталната падина и континентално подножје. Наносните или таложни конуси се плитки конусообразни релјефи при основата на континенталната падина кои се соединуваат, образувајќи го континенталното подножје. Ерозивните подводни кањони се надолно устремени и водат до наносноконусни долини со сè поголема далбочина. Во оваа зона талогот се насложува, образувајќи го континенталното подножје. Наносните конуси како Бенгалскиот, кој се протега 3.000 км, ги сочинуваат најголемите таложни образби во светот. Многу наносни конуси исто така имаат лежишта на нафта и земен гас, поради што тие се клучни места за собирање на сеизмички податоци.
Абисална рамнина Понатаму од континенталното подножје се протега абисалната рамнина, која е сместена врз базалтна океанска кора и го опфаќа најголемиот дел од морското дно. Во неа живеат организми посебно прилагодени за опстанок во вакви студени и темни услови под голем притисок. Рамноста на абисалната рамнина е испрекината со масивни подводни планински венци близу тектонските граници на плочите. Талозите се сочинети главно од тиња и глина.
Поврзано Континентална падина Континентален праг Континентална граница
Наводи
Категорија:Океанографија