Спортинг Клуб Брага попознат како Спортинг Брага или само Брага е португалски фудбалски клуб од градот Брага, кој во моментов се натпреварува во Примеира лига, највисокото ниво на португалскиот клупски фудбал. Освен фудбалскиот клуб, Спортинг Брага е има оддели и за други спортови како атлетика, бадминтот, билијард, бокс, е-спортс, фудбал на плажа, футсал, карате, кикбокс, кошарка, муај тај, одбојка, пливање и таеквондо.
Клубот е основан на 19 јануари 1921 година. Клубот бил познат како Арсенал до Мињо поради бојата на дресот што наликува на англискиот клуб Арсенал. Во 2000-тите, Брага станала еден од најодликуваните клубови во Португалија (5-ти) по Големата тројка и имале одреден успех во Европските натпреварувања, со освојувањето на последното издание на Интертото купот (единствениот португалски клуб кој го направил тоа) во 2008 година и стигнале до финалето на УЕФА Лига Европа во 2011, негувајќи го угледот на четвртиот најсилен клуб во Португалија, надвор од големата тројка.
Во домашните натпреварувања, Брага има освоено три Купа на Португалија во 1965–1966, 2015–2016, и во 2020–2021, и три Лига купа на Португалија во 2012–2013, 2019–2020 и 2023–2024. Во сезоната 2009-2010, Брага го остварила највисокиот пласман во историјата на клубот во португалското првенство, завршувајќи на второто место зад шампионот Бенфика. Како резултат на тој успех, клубот за првпат во својата историја се квалификувал за Лигата на шампионите, каде стигнале до фазата по групи откако во квалификациите ги елиминирале Селтик и Севиља.
Од 2003 година, својте домашни натпревари Брага ги игра на стадионот Мунисипал де Брага, кој го заменил нивниот претходен дом стадионот 1-ви мај кој денес го користи вториот тим на Брага. Опремата им се состои од црвени дресови и бели шорцеви. Брага има долгогодишно ривалство со блискиот клуб Виторија Гимараеш, со кого се натпреваруваат во таканареченото Дерби на Мињо.
Историја Постојните записи велат дека во 1919 година, две години пред формалното основање на клубот, група жители од Брага кои биле симпатизери на лисабонскиот, Спортинг, го измислиле името Спортинг Клуб де Брага или Спортинг Брага. Дури опремата со која настапувал клубот првично, исто така, била идентична со онаа на Спортинг; за време на викенд натпреварите на Кампо дас Голадас, пријателите од Брага ја носеле класичната комплет опрема на Спортинг, таканаречениот Стромп дрес со зелена и бела боја поделена на средина. Под влијание на симпатизерите на Бенфика, 1921 година било пронајдено решение кое ќе ги задоволи сите: името останало Спортинг Брага, верно на Спортинг, но опремата била сменета во црвени дресови и бели шорцеви, во чест на членовите навивачи на Бенфика.
Стадион десно|мини|250п|Стадион Мунисипал де Брага
Својте домашни натпревари Брага ги игра на стадионот Мунисипал де Брага. Стадионот има капацитет од 30.154 седечки места, и изграден е во 2003 година за потребите на Европското првенство 2004 кое се одржало во Португалија. Стадионот е во сопственост на општината Брага (оттаму и името на стадионот), па Брага плаќа месечен закуп од 500 евра за користење на стадионот.
Стадионот е познат како Каменолом, затоа што е врежан во соседниот каменолом Монте Кристо. Трошоците за градење на стадионот изнесувале 83,1 милиони евра, а за толку големите трошоците најмногу придонела високата цена за преместување на камењата заради специфичното место на кое стадионот е изграден.
Играчи Моментален состав
Стручни кадри Тренерски штаб
ПозицијаИме Тренер Карлос Карваљал Асистент тренер Андре Куња Асистент тренер Жоао Кардосо Тренер на голманите Орландо Силва Едуардо Карваљо Финтнес тренер Ернесто Пеишото Главен скаут Пауло Менесес Скаут Ернесто Пеишото Скаут за младинскиот сектор Хосе Луис Антунес Главен доктор Витор Мореира
Трофеи Домашни натпреварувања Сегунда Дивисао: 2 1946–1947, 1963–1964
10px Куп на Португалија: 3 1965–1966, 2015–2016, 2020–2021
Лига куп на Португалија: 3 1965–1966, 2015–2016, 2020–2021
Куп на фудбалската федерација на Португалија: 1 1976-1877
Меѓународни натпреварувања УЕФА Интертото куп: 1 2008
Наводи
Надворешни врски
Спортинг Брага Брага